Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Руските космонаути во боите на Украина?

Roscosmos

Руските космонаути во боите на Украина?

Руските космонаути кои пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (ИСС) се појавија облечени во боите, идентични на државното знаме на Украина. Тоа веднаш е протолкувано како знак за силна поддршка против инвазијата.

Тројцата космонаути се првите кои пристигнаа на станицата, поставена во вселената, по руската агресија врз соседната земја, што започна на 24 февруари. Се јавува дека тие биле срдечно пречекани од посадата која таму се наоѓа – од национално мешовит состав – Руси, Американци и еден Германец.

Меѓународната вселенска станица (ИСС) е заеднички проект на Русија, САД, Канада, Јапонија и на неколку европски земји. Поставена врз руско – американското партнерство што трае веќе 20 години и покрај бројните политички тензии и разлики што постојат меѓу двете големи сили и пред сегашната руска инвазија врз Украина.

Наука и политичка пропаганда

Руските космонаути – Денис Медведев, Олег Артемјев и Сергеј Корсаков – пристигнале на вселенската станица после три часовен лет, по лансирањето од руската вселенска база во Казахстан.

Од Земјата веднаш им била испратена честитка за нивното успешно прикачување за ИСС. Подоцна, тројцата руски космонаути влегле во станицата, носејќи на себе светло жолти вселенски костими, со сини ленти преку нив.

Моментот на соединувањето на постоечката и новопристигнатата посада бил директно пренесуван од американската вселенска агенција НАСА и од руската Роскосмос.

„Наш ред беше да одбереме боја за космонаутите и ние ја одбравме жолтата“ – изјавил Артемјев.

„Смешна измислица“

Од почетокот на инвазијата пред повеќе од три недели, на разни страни во светот се користат боите на украинското знаме (жолтата и сината) за да им се изрази поддршка на Украина и на Украинците.

Новата космонаутска тројка ќе остане во вселенската станица, во следните шест месеци. Тие ќе ги заменат тројцата досегашни членови на екипажот на ИСС кои на 30 март се враќаат на Земјата.

Фотографијата со тројцата Руси, веднаш го обиколи светот, но предизвика и брза и остра реакција на официјална Русија. Прво се огласи Роскосмос, инсистирајќи дека „смешна измислица“ се тврдењата дека нивните космонаути се облекле во боите на украинското знаме.

Потоа уследи дополнување дека жолтата и сината боја се боите и на државниот Бауман технички универзитет во Москва, каде сите тројца космонаути дипломирале.

Пресоблекување на космонаутот

Директорот на Роскосмос, Дмитри Рогозин кој е силен поддржувач на бруталната агресија врз Украина, за „случајот“ веднаш ги обвини „украинските националисти“.

И, за да не остане ништо сомнително околу определбата на руските космонаути кон државната политика, тројцата имаат добиено наредба веднаш да се преоблечат.

Набргу, од руската вселенска агенција е испратена нова фотографија – на која Олег Артемјев е облечен во костим со боите на руското знаме.

Никој засега не знае како течеле работите на вселенската станица, оддалечена 400 километри од Земјата, но луѓето таму немаат друг избор освен да ги продолжат пријателските односи.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе