Поврзете се со нас

Skopje Global

Ukraine, crop

Свет

Украденото жито од Украина заврши кај Асад

XatoLux/depositphotos.com

Украденото жито од Украина заврши кај Асад

Рускиот брод што се верува дека го пренесуваше украденото жито од Украина, пристигна во пристаништето Латакија, во Сирија- јавува агенцијата Асошиетед прес (АП) повикувајќи се на анализата на сателитски снимки на кои се гледа бродот.

Бродот уште пред седум дена ги има исклучено сите радио приемници, откако навлегол во водите во близината на островот Кипар, во Средоземно Море.

Властите во Киев, претходно, предупредија дека на бродот се натоварени 27 илјади тони житарици , за кои се тврди дека ги имаат украдено руските воени сили од територијата што ја имаат окупирано и сега ја имаат под своја контрола.

Египет не го прими бродот

Украинските власти тврдат дека бродот , првично, тргнал кон Египет за да таму го истовари украинското жито, но кога властите во Каиро одбиле да примат таков товар, бродот се упатил кон Сирија, единствената земја на Блискиот Исток каде Русија се има инсталирано со две бази, од кои едната е поморска.

Дипломатите на Украина сега бараат и другите земји  да го следат примерот на Египет и да не примат од Русија украдено жито.

Се верува дека житото ќе заврши во сириските складишта и добро ќе и дојде на земјата измачена со долгата и сурова граѓанска војна, во која , во финишот, кога беше најпотребно за да се спасува режимот на Башар ал Асад , се вклучи руската војска и помогна да тој да остане на власт.

Кога почна инвазијата врз Украина, а особено кога војната не се развиваше така како што имаше замислено Кремљ, Русија повлече најголем дел од своите војници од сириските бази. Подоцна, Москва побара од Асад сириски војници , на помош, па како „доброволци“ се пријавија 12 илјади Сиријци, искусни во борбите во населени места.

Грабеж од окупираните територии

Во Киев уште од пред дваесетина денови, за прв пат, ја обвинија Русија дека краде жито од териториите што ги освојува и дека досега се украдени околу 400 илјади тони. Украинското нинистерство за земјоделство проценува дека окупаторските сили би можеле да украдат до 1,5 милиони тони, што инаку, беа предвидени за извоз на светскиот пазар.

Крадењето жито ( и храна) од окупираните територии , заедно со блокадата на неговата испорака во светот, која ја спроведуваат руските инвазиони сили , предизвикува да се одржува и да се продлабочува ситуацијата со снабдувањето со храна – на глобално ниво.

Тоа, пак,  влијае врз поскапување на храната, за кое организацијата ФАО проценува дека ќе биде најголемо по 1970 година.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе