Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Прв смртен случај од мајмунски сипаници

olgaguiskaja@gmail.com/depositphotos.com

Прв смртен случај од мајмунски сипаници

Здравствените власти на Нигерија соопштија дека регистрирале прв смртен случај од вирусот мајмунски сипаници.

Станува збор за маж на 40 годишна возраст кој откако се заразил бил под лекарска контрола во една тамошна болница.

Властите во оваа најнаселена африканска држава признаваат дека заразата продолжува да се шири и дека веќе е регистрирана во девет нигериски сојузни држави, вклучувајќи го и главниот град Абуџа, но уверуваат дека ситуацијта е под контрола.

Од Африка во Европа

Последен смртен случај од овој вид сипаници чиј корен, инаку, е во реонот на Центрлна и Западна Африка, каде спаѓа и Нигерија, е регистриран во 2019 година.

Мајмунските сипаници се вирусна болест за која се знае дека се пренесува од животните на луѓето, а нејзините симптоми се силна грозница, зголемена температура , појава на осип по телото и оток на лимфните чепови.

Од почетокот на мај болеста е префрлена и во Европа. Првата  земја која пријави случај на мајмунски сипаници беше Британија, на 7 мај, кај маж од Нигерија кој претходно престојувал во оваа земја.

Набргу заразата се појави и кај пациенти во уште десетина други европски држави  , а бројот на инфицираните и заболените продолжува да се зголемува.

Најмногу во Британија

Во Британија досега се регистрирани 180 заразени пациенти, а во Шпанија 120, откако во текот на изминатиот викенд се регистрирани нови 22 случаи.

Во Португалија, на пример , само во два дена бројот на новозаразените нараснал за три пати и сега како заболени со ови сипаници се водат 100 лица.

Инфицирани со овој вирус има и во Германија, Австрија, Белгија, Швајцарија и Италија, ио и во Словенија.

Болеста меѓу луѓето се пренесува со близок контакт, најчесто лице во лице, но и со директен контакт со телесните течности на веќе заразени лица и во контакт со контаминирана облека и постелнина.

Хомосексулаци и бисексуални мажи

Глобално се шири меѓу хомосексуалците и меѓу бисексуалните мажи, но мајмунските сипаници не се полово пренослива болест

Светската здравствена организација (СЗО), сепак, настојува да ја смири ситуацијата, уверувајќи дека постојат мали шанси мајмунските сипаници да предизвикаат глобална пандемија.

За овие сипаници ефикасни се вакцините против големите сипаници . Земјите кои веќе имаат регистрирано заразени пациенти се подготвуваат со оваа вакцина да  вакцинираат делови од населението  и против мајмунските сипаници.

Лекарите советуваат инфицираните лица да одбегнуват контакт и допирање со домашните галеничиња.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе