Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Третина од Русите се за крај на војната

DmytryiOzhhikhiin/Depositphotos.com

Третина од Русите се за крај на војната

Една третина од руските граѓани сметаат дека треба да прекинат воените дејства во Украина – покажува затвореното истражување на Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) кој важи за сосема близок на Кремљ.

Според порталот Медуза, во анкетата која била направена на барање на Кремљ, а била спроведена во текот на јуни, на анкетираните им било поставено прашањето – што им е поблиско – дали воените дејствија треба да се запрат што е можно поскоро, или пак, да продолжат и понатаму.

Одговорите покажуваат дека 30 отсто се изјасниле за крај на војната, но други 57 отсто сметаат дека Русија треба да продолжи да војува. Тринаесет отсто немале никакво мислење.

За завршување на војната се, пред се, младите Руси и тоа оние на возраст меѓу 18 и 24 години. Дури 56 отсто од оваа возрасна генерација сака крај на војната. Кај младите на возраст меѓу 25 и 34 години – процентот на оние се против продолжување на војната , изнесува 43 отсто.

За разлика од младите, постарите генерации сметаат дека војната треба да продолжи. Кај генерацијата од 60 години, на пример, дури 72 отсто од анкетираните се за тоа Русија да продолжи да војува во Украина.

Овој портал открива дека за потребите на нарачателот било истражувано и тоа што ја определува  поддршката за војната, според тоа од каде луѓето се информираат за неа.

Меѓу оние кои редовно користат интернет – 47 отсто се изјасниле за крај на војувањето, додека 35 отсто биле за продолжување на воените операции.

Оние Руси, пак, кои признале дека главен извор за информирање им се руските телевизиски станици, многу повеќе се определиле за продолжување на војната. Дури 68 отсто биле за војната, додека само 22 отсто биле за нејзиното запирање.

На својата интернет страница, провладиниот истражувачки центар не ги има прикажано податоците од своето истражување. Таму се уште стојат старите тврдења дека 72 отсто од Русите ја подржуваат војната, а само 17 отсто се против неа.

Тоа предизвика опозицијата да не верува во податоците кои ги пренесува Медуза. Тие веруваат дека противниците на војната се многу повеќе, но дека власта ги сокрива тие сознанија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе