Водителка се онесвестила среде ТВ дебата
Последната телевизиска дебата меѓу двајцата (преостанати) претенденти за нов лидер на британската Конзервативна партија – доскорешниот министер за финансии Риши Сунак и актуелната министерка за надворешни работи Лиз Трас – беше нагло прекината поради невообичаен инцидент во студиото.
Во моментите кога телевизискиот дуел (во организација на таблоидот „Сан“ и Ток тв каналот) има добиено на својата „жештина“, водителката на дебатата Кејт Мекен, наеднаш паднала онесвестена среде директниот пренос, предизвикувајќи шок кај гледачите кои не можеле да разберат што се случува, но и кај двајцата кај учесници во ТВ дуелот.
Вознемирената Лиз Трас
Посебно била вознемирена министерката Трас, чија гласна реакција – „О, боже мој“ – со рацете ставени на лицето – е последното што гледачите можеле да го слушнат и да го видат на своите екрани, пред студиото да ја прекине програмата. Набргу се појавило и извинување за инцидентот, но и соопштение дека програмата се прекинува, како и дека ТВ дуелот нема да продолжи.
Лондонските медиуми кои не може да донесат детали за крајно невообичаеното случување (се има случено кога тие се веќе затворени), освен сликите од дебатата до онесвестувањето на водителката и шокираниот и исплашен изглед на лицето на Лиз Трас.
Не се открива што е причината за онесвестувањето, освен што се повторува она што гледачите го имаат и самите слушнато – гласниот тресок во студиото, по што е прекината дебатата.
Засега се знае само дека Кејт Мекан се има опоравено и дека, според соопштението од тв студиото – таа „добро се чувствува“.
Жестока расправа
До онесвестувањето, Сунак и Трас имаат водено жестока расправа околу стратегијата на партијата, до крајот на сегашниот мандат во Парламентот, од над две години, како и за приоритетите и мерките на идниот британски премиер кој ќе влезе во Даунинг стрит 10, откако конзервативците ќе изберат нов партиски лидер.
Тој по автоматизам ќе стане и претседател на владата на Велика Британија.
Тоа се прашањето за данокот и за тоа дали и колку треба да се намали (станува збор за данокот на личните примања на Британците), како и за висината на ДДВ (данокот на додадена вредност), за кои се водеше жестока полемика во јавноста уште додека Борис Џонсон беше премиер.
Теми за дебатирање биле и финансирање на здравството, за кое секогаш нема доволно пари и вкупната состојба во британската економија, тешко погодена со актуелната глобална криза.
Споредба со Гордон Браун
Последните анкети покажуваат дека Трас која постојано беше зад Сунак, во гласањето на пратениците на конзервативците во Парламентот, сега забрзано го одминува во сите анкети на британската јавност. Во неа се гледа како на новата Маргарет Тачер – цврста и одлучна – како во домашната, така и во надворешната политика, посебно во односот кон Русија и нејзината инвазија врз Украина.
Риши Сунак, пак, се почесто се споредува со лабуристот Гордон Браун и неговото однесување како министер за финансии, пред да се пресели во Даунинг стрит 10.
Тој е последниот лабуристички премиер кој дојде на таа функција откако Тони Блер се повлече од лидерската од премиерската функција, силниот притисок во партијата на лабуристите, што ја предвидеа „браунистите“ во лабуристичките редови, ним наклонетите весници и самиот Браун кој (јавно) се прикажуваше како лојален на Блер.
„Нелојалниот Сунак“
Ториевците, генерално гледано, го ценат Сунак како добар министер за финансии (како што на времето тоа се зборуваше и за Браун), но му замераат за нелојалност кон досегашнот лидер.
Токму Сунак, заедно со министерот за здравство, поднесувајќи демонстративна оставка во владата, поради скандалите врзани за Џонсон, го предизвика неговиот пад. Згора на се, на тајните забави во резиденцијата на премиерот, во време на британкиот кокдаун, присуствувал и Сумак. Сепак, тој веднаш по соборувањето на премиерот, се огласи дека ќе се кандидира за нов партиски лидер и премиер.
За разлика од него, Лиз Трас му остана лојална на претходниот премиер се додека тој не беше присилен да се повлече, по силниот притисок од конзервативните пратеници и од врвот на партијата. Британските гласачи сметаат дека министерката Трас – и по оваа основа – како човек – е далеку подобар кандидат за нов лидер и премиер.
Посебно така мислат тврдите евроскептици и брегзитери (а тие се мнозинството во Англија меѓу партиското членство) кои сега го нудат Борис Џонсон за нов генерален секретар на НАТО.
(Д.Л.)