Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Вухан во Кина одново во локдаун

lewistse/Depositphotos.com

Вухан во Кина одново во локдаун

Градот Вухан во НР Кина, од каде тргна коронавирусот, за да брзо стане глобална пандемија, одново е во локдаун, откако – како што велат локалните власти – се откриени четири новоинфицирани лица.

Станува збор за град со 12 милиони жители, но карантинот се однесува за една од градските населби (и таа голема колку една помала европска држава) чии жители добија наредба да останат дома во следните неколку денови и да не излегуваат, откако, според странските агенции, во населбата се откриени неколку асимптоматски случаи на корона.

Тревога од локалниот пазар

Кина и понатаму се придржува на својата стратегија за т.н. нулта толеранција за овој вирус и при тоа употребува драстични епидемиолошки мерки за заштита кои често изгледаат сурови, во време на блокадите и изолацијата на цели населби и квартови, посебно тогаш кога не се дозволува луѓето да излегуваат и од становите во кои живеат, во големите станбени блокови.

Такви ситуации имаше во текот на локдаунот во најголемиот кинески град Шангај, па и во делови од Пекинг, пред и по одржувањето на Зимските олимписки игри, во текот на февруари. Кинеските власти, сепак, ги бранат овие методи – колку и да изгледаат сурови – со помалиот број жртви од коронавирусот што ги има забележано Кина, во споредба со другите делови од светот.

Ситуацијата во Вухан, меѓутоа, е тревожна уште од пред десетина денови. Тогаш, властите објавија дека кај еден студент, заразен со коронавирусот, било откриено дека истата бактерија која била најдена во неговото тело, била пронајдена и кај живите желки од пазарот во Вухан.

Желки за храна се продаваат на пазарите во овој град, заедно со другите свежи прехранбени производи – како што се разни видови месо и риба.

Повторување на ситуацијата?

Затоа, како мерка за заштита, а од страв да не се повтори она што се случи во ноември 2019 година – дел од пазарот веднаш бил затворен, а локалните здравствени власти изјавиле за домашните медиуми дека (засега) нема знаци од избувнување на нова епидемија.

Колку за потсетување – во есента од пред безмалку три години, токму од еден ваков пазар, на кој се продава „се што се јаде“, заедно со разни животни кои живи им се продаваат на купувачите. По правило на ваквите пазари во Кина, редовно има и бројни ресторани за брза исхрана.

Сето ова се случува во време кога Светската здравствена организација (СЗО) како и низа институти и лаборатории, продолжуваат да трагаат по изворот кој ја предизвика наголемата пандемија во последните 100 години.

Од епидемијата,  колку што се знае, починаа над шест милиони лица во светот, а нејзиното долго траење предизвика и глобална економска криза од која светот се уште не може да се опорави.

Вирусот е во живите животни

Според американската Си – Ен – Ен телевизија, две нови научни студии се имаат појавено – речиси паралелно – но и двете доаѓаат до истиот заклучок, а тоа е дека вината за појавувањето на вирусот од Вухан е еден таков пазар за морски плодови.

При испитувањето земена е и можноста короната да е последица на „истекување на вирусот“ од некоја од дури 11 – те лаборатории за вируси во овој град. Сите трагаат по врската на пештерските лилјаци кои живеат во околината на градот, со разните вируси кои се појавуваат кај населението.

Оваа верзија за ненамерно „истекување“ на лабораторски вирус не се исклучува, затоа што на тој начин тој можел лесно да се рашири низ овој повеќемилионски град, а потоа и низ Кина, а од таму низ светот. Онака како што тоа и се случи на почетокот од 2020 година.

Сепак, се смета дека вирусот се наоѓал во живите животни кои се продавале тогаш, а ги има и сега по кинеските пазаришта, каде се снабдува најголемиот број од локалното население.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе