Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Москва тајно финансирала избори во Албанија, БиХ и Црна Гора

Москва тајно финансирала избори во Албанија, БиХ и Црна Гора

Русија има дадено над 300 милиони долари за тајно финансирање на изборни кампањи и избори во низа земји во светот, а посебно во регионот на Западен Балкан, пишува американскиот весник „Њујорк Тајмс“ повикувајќи се информациите добиени од висок функционер на администрацијата на Џо Бајден, чиј идентитет не се открива.

Според овој извор, од Москва, се префрлани пари за паријата Демократски Фронт (ДФ) во Црна Гора. Станува збор за партија која важи за силно просрпски и проруски определена и која на теренот, меѓу гласачите кои во најголем број се црногорски Срби, агитира против НАТО, но и против ЕУ: Оваа партија токму овие недели е главниот преговарач за создавање нова (малцинска) влада во Подгорица.

Руски пари против Еди Рама

Русите преку разни канали, за да се прикрие патот на парите, во 2018 година му давале пари и на Милорад Додик, српски претставник во претседателството на БиХ. Парите се префрлани директно за него и за неговата кампања за избор на член на претседателството.

Во БиХ тој е познат како лидер на босанските Срби, силно врзан за Русија и за Владимир Путин кај кого одново треба да престојува, на 20 септември.

Во Албанија, пак, Русија има префрлена 500 илјади долари на Демократската партија која на времето ја има основано поранешниот претседател Сали Бериша кој и сега е моќен авторитет во партијата која, како што се тврди, ја управува од надвор.

Оваа албанска партија која е силно националистичка и води „тврда“ политика околу Косово, се спротивставува на зближувањето на Тирана и Белград, околу програмата Отворен Балкан и ја осудува политиката на социјалистот Еди Рама и неговата прозападна и проевропска политика.

Тајното финансирање, како што пишува американскиот весник е интензивирано од 2014 година и трае до денес.

БиХ како Молдавија

Вашингтон се одлучи да да ја симне тајноста на податоците и сознанијата на американските тајни служби за опасното и дестабилизирачко дејствување на Москва на Балканот, но и во Западна Европа и во самата ЕУ, преку финансирање на ултрадесничарите на Стариот континент и на ултранационалистите, за да се дестабилизира Европа.

Тајните служби на САД очекуваат ваквата „подземна активност“ на Русите во наредните месеци уште повеќе да се интензивира, посебно сега во време кога Москва е во изолација и под моќни санкции, поради инвазијата врз Украина.

Ваквите откритија на Американците само ги потврдуваат сознанијата на разни европски и американски безбедносни експерти кои подолго време предупредуваат на опасното дејствување на руските тајни служби во БиХ. Тие таму се имаат инсталирано за да предизвикуваат нестабилност во целиот регион, користејќи го Додик и неговата сепаратистичка политика, заговарајќи распад на Босна.

Дерипаска задолжен за Црна Гора

Според сите сознанија со кои се располага, Москва сака од БиХ да направи Молдавија на Западен Балкан, при што српската енклава Република Српска би се претворила во она што е молдавското Придњестровје, тесен појас во кој е сместена руска војска и каде владата во Киѓењев нема никаква контрола.

Во Црна Гора, пак, американското разузнавање има откриено дека Русија го има определено олигархт Олег Дерипаска, близок човек на Владимир Путин, кому му беше дозволено да го контролира целото производство на алуминиум во Русија и така да стане еден од најбогатите Руси.

Дерипаска ги има полнето фондовите на црногорскиот проруски Демократски Фронт уште во 2016 година, кога непосредно пред изборите во октомври таа година, властите во Подгорица открија обид за пуч, во кој активно беше вклучена руската тајна служба ГРУ. Но, пари биле префрлани и за изборите во 2018 година, преку фиктивни договори и зделки и оф – шор компании.

Медиумите во САД велат дека сите вакви сознанија им се испратени на американските амбасади во 110 земји (вклучувајќи ги и оние во Западен Балкан) за да им бидат предадени на локалните власти – како предупредување за малигното руско дејствување,

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе