Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Албанците најбројни во илегалното минување на Ламаш

Албанците најбројни во илегалното минување на Ламаш

Новата британска министерка за внатрешни работи Суела Брејверман изјави дека Британија ќе направи се што е потребно за да се запре илегалното навлегување на британска територија , со мали чамци, преку каналот Ламанш.

Таа се закани дека во пресметката со илегалното префрлање преку Каналот,  владата (многу веројатно) ќе ја реактивира  т.н. „Руанда шема“ која не профункционира откако беше блокирана од Европскит суд за човекови права.

Станува збор за депортирање на лицата фатени при ваквите минување на поморскиот пат меѓу Британија и Франција, во Руанда, во Источна Африка, врз основа на претходно направениот договор на владата во Лондон со властите на оваа африканска држава.

Бегство од „безбедна земја“

„Ние мораме да  ги запреме овие илегални минувања преку Ламанш и навлегувања во Британија, затоа што ова веќе станува премногу„- има речено оваа министерка.

Брејверман тоа го нема споменато, но бројот на откриените илегални преминувања и на шверцуваните илегалци, сега е многу поголем од времето пред Брегзит, кога земјата беше членка на ЕУ.

Најбројни во ваквите минувања преку Ламанш сега се Албанци од Албанија , иако соред британските власти оваа балканска држава е категоризирана во т.н. „безбедни земји“ од каде не се прифаќаат азиланти од било која причина.

Албанија се третира како држава која гарантира демократски права и човекови слободи за своите граѓани на кои, затоа,  не им е потребен политички азил, поради загрозени основни човекови или политички права. Уште повеќе што Албанија е земја која е кандидат за влез во ЕУ.

Лажни оправдувања

Многу од откриените и заробени албански мигранти – било да се фатени на море, или уште на француското копно, пред да се сместат во некои од малите чамци- им изјавуваат на британските власти дека биле „шверцувани, или дека се современи робови“., односно дека се насила одведени и донесени до Кале или Данкерк.

Пограничните власти, меѓутоа, не им веруваат , затоа што тие имаат дадено пари (неколку илјади фунти)  за илегално, преку море, влезат во Британија и затоа што доброволно се имаат јавено за ваков, инаку крајно опасен и неизвесен,  транспорт за наоѓање работа на британска територија, или за поврзување со семејствата кои веќе се таму.

Министерката на Хоум Офисот се согласува дека најголемиот број од албанските илегални мигранти- едноставно- лажат верувајќи дека на тој начин ќе ја одбегнат депортацијата, назад во својата земја, или од онаа од каде се навлезени во ЕУ.

Брејверман оценува дека не станува збор дека овие луѓе биле измамени, или шверцувани ( како во случајот со кинеските или виетнамските мигранти)  .

Делување на криминални банди

Во овој случај, тие доброволно, по своја волја, се тргнати на патување до североистокот на Франција, за да од таму , ноќе, во несигурни и крајно небезбедни пловила, се префрлат на британскиот брег, најчесто до Довер, од каде потоа се разнесуваат низ Британија.

Во сето ова се вклучени криминални банди кои им продаваат лаги на илјадници луѓе дека лесно и безбедно ќе ги префрлат на британска територија . Иако не мал број од нив , никогаш не стигнуваат на другата страна од Ламанш , затоа што стотици луѓе досега се имаат удавено во несигурните води на Каналот и неговите непредвидливи морски струи.

Британија и досега соработуваше со Франција во оваа своевидна „војна“ со шверцерските банди и нивниот бизнис- за илегално префрлање луѓе од францускиот на британскиот брег – во кои бандите заработуваат големи пари.

Затоа, владата во Лондон, се подготвува да изнајде начин , сепак, да се покрене „Руанда шемата“  па сите откриени и фатени „илегалци“  кои со чамци сакаат да влезат во Британија, од таму да се депортираат во Руанда.

„Руанда шема“ против илегалците

Шемата ја смисли претходната министерка Прити Пател, која раководеше со Хоум Офисот во владата на Борис Џонсон. Но,  планираниот прв ваков лет до главниот град на Руанда се запре во последен момент, по одлуката на судот во Стразбур, како и по силниот притисок во британската јавност од домашната опозиција и разните групи за човекови права.

Новата министерка, меѓутоа, инсистира дека Британија има потреба да ја преземе контролата врз своите граници, што секако ќе биде направено.

Британското министерство за внатрешни работи инсистира дека сите мерки,  па и „шемата Руанда“ , сепак, не се расизам, ниту пак станува збор за посебен однос против било кое етничко малцинство , или малцинска група. Во прашање е само потребата на Британија да се одбранат нејзините граници. Тоа е она за што земјата се одлучи да ја напушти ЕУ.

И претходната министерка Пател, а и сегашната Суела Брејверман се деца на мигранти, доселени во Велика Британија. Пател е Пакистанка по потекло, додека Брајверман е од мешовит брак на родители од Кенија и Маврициус.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе