Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Болдвин се спогоди со семејството Хачинс

Болдвин се спогоди со семејството Хачинс

Холивудскиот актер Алек Болдвин се спогоди со семејството на Халина Хачинс, откако таа пред една година беше смртно застрелана на филмски сет во Њу Мексико, од Болдвин пукајќи со сурогат-пиштол што се користи при снимањето филмови.

Според постигнатата спогодба меѓу Болдвин, кој е главен актер и продуцент на филмот „Rust” и продуцентската компанија, со сопругот на починатата камерманка Халина, филмот ќе продолжи да се снима во јануари.

Сега како еден од извршните продуценти ќе се појави и сопругот на убиената, Метју Хачинс.

Несреќен случај

Во изјава за американските медиуми тој рекол дека сите се согласуваат оти трагичниот инцидент е несреќен случај, а дека завршувањето на филмот при чие снимање неговата сопруга го загуби животот, ќе претставува одавање последна почит за Халина и на нејзината работа.

Трагичниот инцидент се случи минатиот октомври, во текот на подготовката за една филмска сцена, во која главниот лик се пресметува со пиштол со своите противници. Болдвин вежбал со пиштолот- сурогат и притоа пукал насочувајќи се кон камерата , како што режисерски била замислена целата сцена.

Но, куршумите испукани  од ваквиот „филмски“  пиштол  ја убија камерманката Хачинс , а сериозно го ранија режисерот на филмот Џоел Соуза.

Продолжува снимањето на „Rust”

Не се знаат деталите за постигнатата спогодба, освен дека спогодбата ќе мора да биде и судски потврдена. Со спогодбата е предвидено сите кои учествуваа во правењето на филмот, до трагичниот инцидент, да останат на своите позиции.

Метју Хачинс има изјавено дека „нема интерес да се припишува вина за смрта на сопругата“. Сепак , во службеното обвинување за случајот, се вели дека истрагата има откриено низа пропусти на сетот и непочитување на стандардите при снимање филмови со употреба на оружје.

Претставник на локалното обвинителство на сојузната држава Њу Мексико,  за местото каде се случи инцидентот, изразил задоволство од постигнатата спогодба, но посочил дека истрагата се уште не е завршена и дека доколку се открие нечија одговорноист, или вина, ќе биде подигато службено обвинување.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе