Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Ливерпул домаќин на Евросонг 2023

Ливерпул домаќин на Евросонг 2023

Ливерпул е избран за градот домаќин на фестивалот за Песна на Евровизија во 2023 година, што претставува враќање на Евро-сонг во Британија после цели 25 години.

Градот на Битлси , како и на групата Френки гоуз ту Холивуд, во првата половина на мај следната година, ќе ги угости пејачите и групите од Европа, Австралија и Израел, откако во (велат)  жестока битка го елиминира Глазгов во завршната конкуренција меѓу овие два града.

Меѓутоа, Ливерпул и Британија се  домаќини на Евро-сонгот 2023,  како замена за Киев и Украина.

Украинците победија на натпреварувањето што во мај годинава се одржа  во Торино, во Италија и требаше да бидат организатори за фестивалот во следната година.  Но, Европската радио дифузија (ЕБУ) одлучи да му ја одземе организацијата на Киев , оценувајќи дека во главниот украински град и во давата нема услови- безбедносни  пред се, за одржување на еден музички, забавен фестивал.

Во такви услови, според пропозициите на ЕБУ , организацијата и беше понудена на Британија, чија песна беше втора во Торино, пред пет месеци.

Интересот за организација на Песната на Евровизија беше толку голема што дури 20 градови се пријавија на своевидниот натпревар, во кој по принципот на елиминација, на крајот останаа само два града- Ливерпул и Глазгов  кој, инаку , важеше за фаворит кај британските бук-мејкери.

Веста за добивањето на организацијата на Евро-сонг идната година, во Ливерпул беше примена со големо воодушевување. Во низа пабови во градот се одржани специјални евро-журки, а домаќните уште од сега ветуваат голем спектакл. Најавено е дека Украина ќе биде силно застапена во трите фестивалски веќери, а дека како посебни гости же се појави и групата Калуш која победи во Торино.

Велика Британија е домаќин по осми пат. Последен пат во Бирмингем во 1998 година, но и на три пати, Британците го организирале Евровизискиот фестивал , откако некоја земја победничка се има откажано од организацијата од разни причини.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе