Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Помилување за сите „обични корисници“ на марихуана

Помилување за сите „обични корисници“ на марихуана

Американскиот претседател Џо Бајден донесе одлука со која се помилуваат сите Американци кои пред некој од федералните судови во САД бил осуден за поседување мало количество марихуана.

Не е соопштено за колку лица станува збор, но американската администрација проценува дека во прашање се над 65оо Американци кои биле судени и осудени само затоа што поседувале марихуана. Никој од нив, меѓутоа, сега не е во затвор.

Одлуката за помилување, сепак,  значи многу за овие луѓе, бидејќи  ќе ја избрише нивната казна  од евиденицијата на осуденици, а тоа ќе им помогне во животот. Тие ќе можат да бараат и да најдат многу полесно работа и да се вработуваат, да најдат стан, или да можат да се образуваат , што како осудени лица- за поседување дрога-  им е многу потешко.

Декриминализација на канабисот

Бајден од порано е познат како поборник за ново и поинакво класифицирање на дрогите, а посебно на марихуаната/канабисот . Тоа го има и јавно покренато уште во 1984 година, кога за прв пат се кандидираше за номинација за тогашните претседателски избори во САД. И како претседателски кандидат за изборите во 2020 година, тој вети дека ќе изврши декриминализација за користењето на канабисот , а дека пресудите на луѓето ќе им бидат избришани.

„Ставањето луѓе во затвор само затоа што имале кај себе марихуана, има изменето премногу животи , а во затвор биле ставани лица за нешто што, инаку, многу држави повеќе не го забрануваат“- има речено Бајден.

Тој призна дека според сознанијата на властите, многу поголема (досега) беше веројатноста во затвор за мало поседување марихуана/канабис да се најдат луќе кои не се белци, од другите.

Претседателот на САД соопшти дека ќе побара од гувернерите на сојузните држави и тие да прогласат помилување за мало  поседување марихуана.

Најава за нова политика

За т.н. рекреативни цели, канабисот е легализиран во 19 сојузни држави на САД , а сега се најавува дека по тој пат ќе тргнат  и други пет, додека за медицински потреби марихуаната е легализирана во 37 сојузни држави, како и во дистрикт Колумбија ( реонот околу главниот град Вашингтон).

Одлуката на американскиот претседател предизвика изненадување во јавноста на Америка, но таа не е неочекувана, затоа што веќе подолго време врз властите се врши притисок за поинакво третирање на марихуаната. Се смета дека оваа одлука на претседателот е најава за една нова и поинаква политика кон канабисот , третирајќи го како помалку сериозна дрога.

Разните групи и здруженија кои од поодамна заговараат поинаква политика кон марихуаната и нејзино легализирање, сметаат дека одлуката на Бајден е првиот чекор за „излегување од сенка“ на една индустрија која, инаку, во Америка секоја година  носи 33 милијарди долари.

Американците се за легализација

Сето тоа, се смета, дека ќе го означи и крајот на досегашната „војна со дрогата“ што е започната уште во седумдесетите години на 20 век .

Непрофитни асоцијации за прашања врзани со употребата на лекови велат дека – одлуката на претседателпот Бајден е за поздравување- затоа што сега се отвара простор за почеток на разговори за тоа како понатаму.

Според истражувањата на агенцијата Галуп, дури 68 отсто од Американците смета дека канабисот/марихуаната треба да се легализира.

Подршка за ваквиот потег на претседателот доаѓа и од редовите на републиканците. Нивни политичари имаат изјавено дека одлуката е сосема на место. Особено што земјата и онака се соочува со вистонски „бум„ во садењето и одгледувањето канабис.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе