Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Џонсон не се враќа во Даунинг стрит 10

Џонсон не се враќа во Даунинг стрит 10

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека нема да се кандидира за лидер на Конзервативната партија , а тоа значи дека нема да се врати во Даунинг стрит 10, на премиерската функција, откако неговата номинација не успеа да ја добие подршката на најмалку 100 конзервативни пратеници, колку што предвидува партискиот статут. Колку што се знае, тој има добиено подршка од само 57 пратеници.

Новата изборна трка за партиски лидер ( и премиер) – доаѓа по оставката на Лиз Трас која само 45 денови беше на таа функција, откако ја загуби довербата на ториевските пратеници , истите кои претходно и  дадоа лидерски и премиерски мандат во текот на  долгиот избрен процес , што заврши на почетокот од минатиот месец.

Екс премиерот без подршка

Џонсон кој и самиот беше натеран да се повлече од двете функции , во еден типичен ториевски партиски пуч, итно се врати од одморот на Карибите, каде беше со своето семејство, по изнудената оставка на Трас и повикот на неговите сојузници во партијата- повторно да се кандидира, за „спас на ториевците“ и на хаотичната политичка ситуација и економско-финансиска криза.

Веднаш по враќањето од одмор тој се сретна и разговараше со Риши Сунак,  министер за финансии во последната влада на Џонсон.

Се верува  дека во тој разговор Џонсон го убедувал екс министерот кој на таа функција токму тој го постави- да застана зад  кандидатурата на поранешниот лидер и премиер. Но, сега самоуверениот Сунак ја има одбиено понудата, потврдувајќи ја на тој начин својата амбиција за премиерската функција и за влегување во Даунинг стрит 10.

Особено што зад неговата сегашна (повторена)  кандидатура застанаа повеќе истакнати имиња на конзервативците и поранешни министри кои досега не му даваа подршка.

Без единство во партијата

Ваквиот расплет во ториевските редови, кои влечат брзи потези во настојувањето да спасат што може да се спаси, но и за да нема нови предвремени избори, на кои веројатно би доживеале пораз, го праќа Џонсон во историјата.

Во кусата изјава по повлекувањето, лидерот до пред неколку месеци има речено дека „не може да се управува со владата , доколку зад себе ја нема подршката на пратениците – конзервативци во Долниот дом и доколку нема единство во партијата“.

Во 2019 година, на тогашниот предвремени изнори тој триумфираше , главно, на крилјата на Брегзит еуфоријата и напуштањето на ЕУ. Двеиполовина години подоцна, тој беше насила набркан од своте ториевци кои и тогаш се спасуваа себе си.

Повод беа низата скандали- како тајните журки во премиерската резиденцијан во времето кога Британија беше во карантин поради корона пандемијата, но и  бројните изјави за определени настани кои се покажаа дека биле неточни, неискрени и лажни.

Сунак нов премиер?

Неговата наследничка Трас  го почувствува неединството за кое зборува Џонсон и откажувањето на подршката од сопствената пратеничка база, па  после само шест недели замина од премиерската функција. Во случајот на Џонсон дури и луѓе од неговиот кабинет сметаат дека враќањето на старата позиција би било – рамно на политичка катастрофа.

Во трката за нов британски премиер- трет во оваа година- остана само ториевецот од индиско потекло Сунак, како и ( теоретски) Пени Мордаунт, екс министерка за одбрана.

Таа има само минимална подршка, од помалку од 30 пратеници, наспроти Риши Сунак кој од вкупно 355 ториевски пратеници, ја има подршката на 177 од нив. Затоа се верува дека тој би можел да биде прогласен за нов партиски лидер и за британски премиер и без да се чека на определениот рок- крајот на оваа недела.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе