Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Градоначалник избран со фрлање паричка

Градоначалник избран со фрлање паричка

Градоначаникот на едно мало место во американската сојузна држава Кентаки, бил избран на функцијата-  со фрлање паричка. Вакво решение на општинските функционери било донесено откако  гласањето завршило со нерешен резултат- без победник.

Неможејќи да се дојде до градоначалник преку гласањето на жителите на местото, а градчето да не се остане без шеф на месната управа, локалните советници и луѓето од локалната администрација решиле – до градоначаник да се дојде со фрлање паричка- според приципот- „писмо“ или „глава“ .

Законска одлука

Се сетиле дека законот за избори на Кентаки дозволува една таква можнoст. Во случај на целосно идентичен резултата што никако не може да се измени низ гласањето- постои одредба според која наместо да се продолжи со постојано прегласување, победникот да се определи со извлекување.

Така и се случило , малото место Батлер, во кое живеат само 600 жители, на изборите во САД, во вторникот, својот градоначаник да го добие со фрлање паричка. При тоа двајцата против кандидати се определиле- едниот за „глава“ , а другиот за „писмо“.

Претходно, гласачите не можеле да одлучат кој да биде победник, затоа што при гласањето и обајцата добиле по 55 гласови.

Возбудливо „гласање“

Паричката определила, нов градоначаник да биде 25 годшниот Мејсон Тејлор кој освен што следнитечетири години ќе се грижи за градот, веќе има две други задолженија. Тој е локален пожарникар, а е обучен да биде и болничар и редовно ја извршува и оваа работа.

На бројните американски медиуми кои се собрале за овој настан , Тејлор им изјавил дека било возбудливо пред да се дојде до  одлуката за тоа кој ќе победи.

Паричата долго се вртела околу себе и во еден момент дури и целосно се превртела, пред да застане и да падне на „писмо“- страната што при определувањето ја одбрал сега веќе новиот градоначалник. Поразениот кандидат ( кој досега ја обавувал функцијата) а кој се определил за „глава“-  мирно го прифатил изборниот пораз.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе