Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Германија: украинскиот „Голодомор“ е геноцид

Германија: украинскиот „Голодомор“ е геноцид

Германскиот Парламент усвои посебна резолуција со која „Голодомор“- односно присилното изгладнување на милиони Украинци, во триесетите години на 20 век, од страна на тогашната власт во Советскиот Сојуз и на комунистичкиот диктатор Јосиф Сталин- се означува како геноцид врз народот на Украина.

Резолуцијата е необврзувачка, но таа , сепак, е значајна затоа шо досега само 17 држави го трететираат изгладнувањето на луѓето во сталиново време како геницид. Но и затоа што беше усвоена со големо мнозинство, бидејќи за неа гласаа сите пратеници на социјалдемократско- либералната коалиција на канцеларот Олаф Шолц, како и опозициската демохристијанска партија.

Крајно левиларската социјалистичка левица и ултрадесничарите од партијата АфД (Алтернатива за Германија) беа воздржани. Таквата нивна определба не изнендува затоа што тие важат за блиски со Владимир Путин и со Русија, од каде имаат примано и пари за финансирање на нивната политичка активност.

Масовна смрт со намерно  изгладнување

Со резолуцијата се обвинуваат поранешниот СССР и Сталин за намерно спроведување масовни убиства на невини луѓе- главно украински селани-земјоделци, извршени во текот на 1932 и 1933 година- со изгладување и со глад- како казна за нивното спротивставување на (инаку)  присилната и масовна колективизација на земјоделското земјиште во Украина.

Во усвоениот документ се истакнува дека гладот до смрт не бил последица од лошиот род, туку дека е резултат само на политиката на Москва и на Сталин.

Советскиот Сојуз престана да постои во 1991 година, со самораспуштање , отако  лидерите на дотогашните три советски републики- Русија , Украина и Белорусија- се договорија СССР да престане да постои, а сите 15 советски републики да тргнат по својот пат, секоја како независни држави.

Гледано од денешна перспектива, меѓутоа, злосторството направено пред 90 години сугерира тоа – историски и политички- да се класифицира како геноцид , што германскиот Бундестаг го прифаќа- се вели во донесената резолуција.

Над 3,5 милиони починати

Голодомор за Украинците се смета за една од најголемите трагедии во историјата на Украина, затоа што во текот на тие две години од сталиновото казнување, од изгладеност и од наметнатиот глад, починале над 3,5 милиони лица.

На оваа трагедија од пред девет децении Европа се потсети во ова време кога Украина по извршената инвазија е изложена на брутална војна и на насилство , какво на континентот не е забележано од крајот на Втората светска војна, но и на суровоста и на изживувањето на Путин.

Како Сталин во триесетите годни од минатиот век, сегашниот руски претседател во дваесетите години на 21 век , ги казнува Украина и Украинците затоа што не сакаат да се предадат и да му овозможат на рускиот автократ од Кремљ да победи , на тој начин што ја уништува украинската енергетска инфраструктура. Целта  е да се остават  луѓето без струја и без греење , среде зима – за да страдаат.

Путин во стилот на Сталин

Затоа што се осмелија да и се спротивстават на Русија и што  се лојални на власта во Киев која се определи за свој пат во иднината. Притив останувањето послушен  вазал на Москва и на Владимир Путин.

Во изминатите денови владата во Киев го означи ваквото измачување на народот на Украина, низ широката операција на ракетирање на елктриичната инфраструктура, за казнување на невините луѓе, како геноцид  извршен од  еден човек. Налик на оној на  Сталин и на неговата сурова политика за казнување во најмрачниот период на советското време.

Прв кој реагираше на ваквата  квалификација од Киев за путиновата казнена офанзива , беше поглаварот на католичката црква, папата Франциско кој реагираше со изјава по повод сегашното измачување на Украинците од страна на путинова Русија.

Одново казнување  за Украиците

При тоа и тој го спореди она што рускиот претседател и го прави на Украина, со геноцидот што го има предизвикано Сталин врз оваа земја ( тогаш само една од советските републики) пред 90 години, спроведувајќи репресија со изгладнување до смрт на луѓето затоа што не му се имаат покорено.

Голодомор од 1932 година, според папата Франциско, е идентично со казнувањето на Украина и на нејзините жители во 2022 година, за да се измачуваат без струја, а на многу места и без вода, што папата остро го осудува.

Нема сознанија како измачените , но храбри Украинци сето тоа го поднесуваат, но украинските власти веќе соопштија дека на разни локации во земјата се регистрирани пожари како последица на импровизираните начини за греење, во кои колку што се знае, има загинато десетина лица.

(С.Г.)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

+————————————————————————————————-

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе