Расизам во кралската Бакингамска палата
Кумата на крштевката на британскиот принц-престолонаследник Вилијам, поднесе оставка на сите свои ангажмани во кралската Бакингамска палата , признавајќи ја одговорноста и вината за расистичкиот скандал, во текот на приемот во палатата во Лондон, што за прв пат го организираше кралицата-сопруга Камила.
Дворската дама леди Сузан Хаси (83), инаку блиска придружничка на починатата кралица Елизабета, има предизвикано инцидент на расистичка основа , кој ја има доведено Бакингамската палата во крајно непријатна ситуација , предизвикувајќи и бранување во современото, етнички и расно различно британско општество.
Навредливо испрашување
На приемот, Сузан Хаси и има пријдено на една од поканетите гости, Нгози Фулани, извршен директор на хуманитарната организација Sistah Space , инаку афро-американка, која инсистира на своето потекло и во стилот на облекувањето, па почнала да ја испрашува гостнката за нејзиното вистинско потекло. За тоа од каде доаѓа , како е дојдена во Британија и какво е нејзиното вистинско потекло.
Фулани одговорила дека е поканета како функционер на хуманитарна организација, дека живее во Лондон и дека е родена во Британија и е британски државјанин, но дворската дама возвратила дека не се интересира за тоа.
„Не те прашувам за тие податоци , туку за тоа каде точно потекнуваш и од каде се дојдени твоите родители во Британија“- инсистирала дворската придружничка, при тоа постојано додирувајќи ја косата на гостинката, уредена во афро-фризура.
„Одвратно и расистички“
Ваквото однесување на леди Хаси предизвикало револт кај Фулани , но уште повеќе кај една друга не-бела гостинка која стоела до нив и го слушала разговорот. Таа подоцна им изјавила на медиумите дека целата атмосфера што ја создала Хаси била – „одвратна за слушање и крајно расистичка“. Сепак, ниту Фулани, а ниту таа не го откриле името на жената која го предизвикала расистичкиот инцидент.
Кога скандалот, сепак,се појави во јавноста, Хаси самата се има легитимирано , соопштувајќи дека веднаш заминува од Бакингамската палата во која има поминато 60 години.
Сето тоа се случувало во непосреддно близина на домаќината на приемот, кралицата-сопруга и во време кога новиот крал Чарлс настојува да ја увери домашната јавност дека кралството и кралското семејство се прилагодуваат на она што денес претставува британското општество. Затоа и Палатата веднаш се има оградено од инцидентот и го има остро осудено.
Случајот на Меган Маркл
Ситуацијата добива нова димензија , затоа што се случува во време кога претолонаследникот Вилијам и неговата соприга Катрин се во службена посета на САД, со единствена цел за да се прикаже новиот имиџ на Обединетото кралство , во земја каде расизмот се уште не е елиминиран и каде една четвртина од населението се афр0-американци.
Затоа, неговиот кабинет во Кенсингтон палатата во Лондон реагираше со соопштение во кое новиот принц од Велс жали за инцидентот и порачува дека „не може да има место за расизмот во британското општество“. Во соопштнието се вели дека зборовите на дворската дама се неприфатливи, како и дека е во ред тоа што таа го напуштила своето досегашно работно места- дама кралска придружничка.
Нгози Фулани е ангажирана како адвокат која ги заштитува жените од домашно насилство.
Инцидентот медиумите веднаш го имаат поврзано со Меган Маркл, сопруга на принцот Хари и снаа на кралот Чарлс, затоа што таа тврдеше дека не се чувствувала безбедно во кралското семејство. Односно, дека само поради тоа морала со својот сопруг и тогаш едното дете да заминат од Британија во САД, каде таа е родена.
Расистичка нетрпеливост
Во едно интревју за ИТВ телевизита, а подоцна и во разговорот со Офра Винфри и таа, но и Хари тврдеа дека расизмот го имала постојано чувствувано. Меган има речено дека за тоа била свесна уште од самиот почеток на нејзината врска со британскиот принц, а особено откако се омажила за него и стана дел од кралското семејство.
Беше јасно дека таа од почетокот не беше омилена во поширокото семејство, но се смета дека врв на грубиот и одбоен однос , дури и на пероналот од кралската палата, било прашањето упатено до двајцата- каква боја на кожата ќе има нивното дете, непосредно предраѓањето на нивниот син Арчи.
Меган која потекнува од расно мешовит брак и која е израсната во расистичката атмосфера која постои во Америка, многу тешко го има поденсено однесувањето на семејството во која таа има влезено, што се верува дека е и единствената причина Хари да одлучи да се откаже од сите кралски задолженија и да ја напушти Британија.
Особено што брачната двојка секојдневно се имаа соочувано со написите во лондонските таблоиди во кои не се криеше нетрпеливоста кон Меган , која постојано се обвинуваше дека таа „ е виновна за раскинот во врската меѓу браќата Вилијам и Хари“.
Несогласување на Вилијам и Хари
Сега, меѓутоа, по расистичкиот инцидент со една од дворските дами, се покажа дека расизмот, сепак, е присутен во Бакингамската палата и дека таму се уште има вработени кои немаат расчистено со омразата и со расизмот, за кој постојано се зборува дека – нема место во денешна Британија.
За прикриениот расизам прв има проговорено токму принцот Хари во своето остро соопштение за британските медиуми, уште во ноември 2016 година , барајќи да ја остават на мир Меган Маркл додека беа на самиот почеток на нивната врска.
Се верува дека причината за прекинот на односите на двајцата браќа е резултат на несогласувањето на Вилијам , братот Хари да се ожени со расно измешана Американка, разведена и уште актерка.
Дамата Хаси, инаку, важи за една од најблиските придружнички на починатата кралица. Но, таа во една прилика има речено дека -„бракот на Хари со Меган на крајот ќе заврши во солзи“.
(Д.Л.)