Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Куче смртно застрелало човек

Куче смртно застрелало човек

Американец чиј идентитет не се открива бил застрелан и починал на самото место во еден крајно необичен и уникален инцидент- откако  куче случајно застанало на откочената пушка, оставена зад седиштето на малиот камионет каде било оставено и животното. Со камионетот  патувале убиениот , кучето и човекот кој го управувал возилото.

Трагичниот инцидент се има случено во американската сојузна држава Канзас. Полицијата подоцна има соопштено дека – маж на триесет годишна возраст бил најден мртов, откако бил застрелан во грбот.

Откочена пушка

Според американските медиуми, на кои се повикува лондонската Скај телевизија, се верува дека ова крајно бизарно убиство е поврзано со лов. Во задниот дел од возилото, каде биле кучето и пушката, полицајците откриле опрема за лов и ловџиска муниција.

Најверојатно е дека  двајцата мажи се враќале од лов, а дека едниот нив ( сопственикот на пушката)  заборавил да ја закочи , иако по неа кучето постојано се движело.

Се јавува дека екипите  за брза помош кои се нашле на местото на инцидентот, се обидувале со реанимација да го спасат несреќниот ловџија, но еден од спасителите подоцна изјавил дека сето тоа било залудно-човекот веќе бил мртов.

Случај без преседан

Не е прв пат, во САД и насекаде низ светот да има несреќни случаи во текот на лов, но се смета дека овој пат станува збор за нешто што не се памети во Америка.

Ловџии реагирале на социјалните мрежи со предупредување дека пушката никако не смее да се остави откочена, уште и со куршум во цевката- правило кое не би смеело никако да се заборави. Особено што такви инциденти има често во ловџиската пракса.

Во случајов во Канзас, несакан „убиец“ е едно куче , сопственост на возачот на камионетот.

Отворена е истрага, но локалниот шериф е убеден дека – „нема друго објаснување, освен дека кучето, скокајќи по задното седиште, го нагазило орозот на пушката и така го испукало смртоносниот куршум“.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе