Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Лего“ коцките најпопуларна играчка во светот

„Лего“ коцките најпопуларна играчка во светот

Коцките „Лего“ од кои може буквално се да се направи, се прогласени за најпопуларната  и најпродавана играчка во светот, според податоците на една американска агенција која го следи пазарот на овие производи за деца и за возрасни.

За прв пат се имаат појавено , како коцки во боја, во 1947 година и од тогаш се имаат неколкупати променети , но во овој долг временски период се имаат изменето и интересите на децата и на возрасните, кон што Лего коцките се приспособувани, па сега тие се  меѓу најпродаваните играчки во светот.

Куклата „Барби“

Според американските податоци, секоја секунда се продаваат по седум кутии со „Лего“, што во 202о година довело да се оствари приход од 44 милијарди долари. Се смета дека станува збор за приближна проценка и дека таа бројка е можеби и повисока. Анализите на пазарот покажуваат дека барем 400 милиони луѓе играле со „Лего“ коцките, во еден периодд од својот живот.

Куклата „Барби“ , за која се тврди дека претставува своевидна икона во светот,по поуларноста  е веднаш зад „Лего“. Оваа кукла прв пат е прикажана во 1959 година, на едек меѓународен саем на играчки во Њујорк.  Успехот на „Барби“ се должи на способноста да се менува и прилагодива на сите еволуции во американското општество.

Малите метални играчки според моделите на најпопуларните автомобили се трето пласирани и за нив се вели дека имаат најбрзо постигнат успех на пазараот.

Коцката на Ерно Рубик

Прв пат се појавиле во 1968 година, по цена од 60 американски центи ( малку над половина долар), за едно автомобилче. Компанијата „Мател„ ги има ангажирано дизјнерите на автомобилите „Џенерал Моторс“, „Крајслер“ и „Форд“ за да помогнат при дизнајнирањето на истите модели- како минијатурни играчки.

Првата колекција била продадена во 16 милиони примероци, а франчизата  сега се проценува на 8,5 милијарди долари.

Во ова елитно друѓтво на најпопуларни игрчки се наоѓа и коцката „Рубик“. Создадена е во 1974 година и тогаш никој не можел да замисли дека изумот на Унгарецот Ерно Рубик ќе се стекне со светска слава. Финансискиот успех на „магичната коцка“ меѓутоа, доаѓа подоцна- во 1983 година, кога се продадени 100 милиони Рубик коцки.

Во 2017 година моделот и фирмата која ги изработува имаат остварен приход од 250 милиони долари.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе