Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Катастрофа во Турција и Сирија

Катастрофа во Турција и Сирија

Силниот земјотрес што во раните утрински часови, во понеделникот на 6 февруари,  ги погоди југоисточните делови на Турција, со реонот на Анадолија и северозападните подрачја на Сирија, оставија катастрофални последици.

Само во Турција тешко се погодени десет провинции со низа поголеми и помали градови и засега се регистрирани над седум илјади загинати ( во двете земји), со преку 35 илјади потешко и полесно повредени лица.

Засега над седум илјади загинати

Спасувачките екипи и покрај снегот во некои од  подрачјата погодени  со потресот и студеното време, прават големи напори за да откријат и да извлечат од под урнатините преживеани лица. Се јавува дека досега се спасени стотина затрпани, а екипите на теренот имаат изјавено дека постојано слушаат повици за помош од луѓето под урнатите згради, од кои некои се новоизградени.

Над шест илјади згради се целосно урнати.

Имало два потреси- првиот во околината на Газиентеп, со јачина од 7,8 степени по скалата на Рихтер, а вториот неколку часови подоцна , од 7,5 степени, чиј епицентар е понатаму на север од првиот удар. Се тврди дека вториот земјотрес, исто така  со разорна сила, бил нов потрес, а  не дел од вообичаенте тресења на толото, во т.н. фаза на смирување на почвата.

Турските власти прогласија вонредна состојба во сите погодени провинции , во траење од три месеци.

Вистински пустош во Газиентеп

Прва проценка е дека над 13 милиони луѓе се погодени од земјотресот, каков велат дека немало уште од 1939 година. Луѓето раскажуваат дека првиот потрес бил толку силен што изгледало како да паднала атомска бомба.

Згради од пет , шест и седум ката се уривале како да се кули од карти, или пак се накривиле и се легнати на едната страна, како урнати големи коцки од детски играчки.

Во зоните во близината на епоцентарот, земјотресот има направено вистински пустош, при што се оштетени и патиштата па дел од нив се или неупотребливи, или опасни  поради можноста од пропаѓање во процпите кои се јавуваат, често и сами од себе. Има оштетувања и на пистите на аеродромите каде тие постојат, што им ја отежнува работата на спасувачите и на екипите кои доставуваат помош за луѓето.

Во целиот тој хаос што го создаде катастрофалниот земјотрес , медиумите јавија дека најмалку 20 опасни џихадисти, припадници на Исламска држава , се избегани од затвор во Сирија, блиску до турската граница, откако нивните  чувари  се разбегале.

Бегство од затвор на џихадистите

Во затврот имало две илјади затвореници , меѓу нив и припадници на курдската милиција која војуваше против исламистите и џихадистите , кои владата во Анкара и онаа во Дамаск, исто така ги третира како терористи, без разлика што тие имаат многу помогнато во пресметката со џихадистите и во унишувањето на Исламска држава.

Според медиумите, дел од затворениците , веднаш по силниот потрес , предизвикале бунт и набргу успеале да ја преземат контролата на дел од зградата.

Засега нема сознанија за состојбата на сирискиот, медитерански брег, во Латакија и Тартус каде се наоѓаат руските воени бази, иако е потврдено дека градот Хатаи, блиску до турско-сириската граница е тешко погоден и дека е изолиран , бидејќи е сериозно оштетена пистата на неговиот аеродром.

Турција, како и поширокиот Медитеран одамна се познати на труски подрачја и ативни зони каде земјотресите со голема јачина не се реткост.  Зоната на Газиентеп и самиот град биле веќе еднаш зафатени од катастрофален потрес пред 100 години.

Анадолска и Арапска плоча

Самата територија на Турција лежи на т.н. анадолска геолошка плоча , за која експертите знаат дека е вклештена меѓу две други. На источната страна е арабиската плоча која е многу активна и е во постојано движење.

Иако се знаат сите овие податоци, сепак, тешко дека некој сеизмолог може со сигурност да каже дека во определена зона и во определен ден ќе се случи земјотрес- за да се предупреди населението.

Градежни и сеизнолошки експерти, меѓутоа, укажуваат дека ако неможе да се погоди денот и времето на потресот, може да се спречат жртвите и материјалната штета , со квалитетно, сизмичко градење на станбените и сите други згради.

На тоа укажува искуството на Јапонија , каде многу често има земјотреси кои се дури и посилни од оние во Турција ( или на други места во светот и во зоната на Медитеранот), но таму бројот на жртвите е помал, а зградите (најчесто) не се уриваат. Посебно не оние кои се изградени со понов датум.

Холанѓанец го предвидeл земјотресот

Ваквата состојба се објаснува со високите стандарди на градење кои важат во Јапонија и кои строго се почитуваат и ситуацијата во Турција, каде иако ги има истите стандарди, тие многу често се занемаруваат или целосно не се применуваат- во интерес на поголемата заработувачка на градежниците.

Во меѓувреме се разбра дека холадскиот научник Франк Хогербетс објави на својата интернет страница дека го предвидел земјотресот  во Турција и Сирија.

На 3 февруари, тој има објавено карта на Турција и Сирија, заедно со поширокиот регион, со предупредување дека тој дел од светот може да го погоди силен земјотрес. Според Хогербетс , набргу , или подоцна, овој регион во кој ги има вклучено и Либан и Јордан ќе се соочи со земјотрес од 7,5 степени по скалата на Рихтер. Непони тре денови подоцна се случи земјотресот.

Не мал број сеизмолози во Европа и светот, сепак, не го земаат предвидувањето на Холанѓанецот за сериозно. Имало и порано обиди да се прогнозира земјотрес, но науката се има откажано од тоа, затоа што и при најдобри пресметки и научни анализи, може да се промаши еден потрес – некогаш и за цели десет години.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе