Експерти против дезинформации во мисиите на ЕУ
Експерти за борба со дезинформациите ( и лажните вести) ќе бидат распоредени во мисиите на ЕУ низ светот, за да се вклучат во пресметката со лажниот наратив кој го шират низ јавните комуникации и медиумите оние кои го создаваат- предводени од Русија и Кина.
„Сите делегации на ЕУ ќе бидат екипирани со вакви експерти , во многу делови низ светот, со цел да се слушне подобро нашиот, европски глас на вистината“- има речено европскиот министер за надворешни работи и безбедност Јосеп Борел, на конференција во Брисел посветена на борбата ( на Унијата) со раширените дезинформации.
Контра на руската машинерија
Во изминатите години, а посебно во последно време, Русија има создадено силна машинерија , која се има раширено и дома и и надвор, способна да создава и да пласира „ на тони“ лажни вести. Проценка е дека таа се покажа како посилна и поразгранета во споредба со се она што Унијата досега го има направено на овој план, за да се спротивставува на ваквото (руско) мешање во просторот на информациите.
Сега се најавува дека , како одговор на она што го прават Русија и другите како неа, ЕУ и сите кои ќе и се приклучат ќе создадат стандардизиран начин за меѓусебно распределување пдатоци и анализи на странските кампањи со дезинформации. Но, во исто време, Унијата ќе се ангажира, многу повеќе од досега- со властите низ светот да се обезбеди да се слушне гласот на ЕУ.
„Ние мораме ова да го направиме и за него да обезбедиме највисоко политичко ниво“- има речено Борел.
Манипулација со вистината
Во секој случај, потребно е да се биде многу поприсутен , да се изнесува вистината и реалноста подобро од досега, а сето тоа да се пласира на разни јазици и низ многу медиуми. Унијата и се обраќа на јавноста на англиски јавност, но многу луѓе низ светот ( сепак) не го разбираат, па затоа сега ЕУ се подготвува да им се обраќа на нивниот јазик.
Во (првиот) досега објавен извештај за манипулацијата со информациите, што доаѓа од надвор, како и за заканите што произлегуваат од тоа и такво мешање, се посочуваат за 100 такви инциденти, во последните три месеци од 2022 година.
Откриено е дека руската машинерија за правење лажни вести била инволвирана во 88 од посчените 100 инциденти, додека Кина била вклучена во 17 случаи. Во пет инциденти со правање дезинформации биле вклучени заедно и двете земји. Ваквите лажни вести се појавиле на најмалку 30 странски јазици, а нивната единствена цел била да се пласираат неточни и невистините информации со кои треба да се обвини другата страна, преку силниот антиевропски наратив.
Опасно оружје
Овие две земји инвестираат многу во оваа работа и во неа се вклучени повеќе илјади луѓе , со чија работа е создаден систем и еден вид индустраија за производство на лаги и невистини , што треба постојано да дејствува.
Во Брисел повеќе нема никаква дилема дека ова станува оружје против кое треба итно да се дејствува.
Тоа е многи видливо сега, во екот на руската агресија врз Украина и војната што Русија ја води на територијата на една странска земја, кога воената кампања на секој начин се настојува да се прикаже на поинаков начин.Вината за инвазијата врс Украина , како и за последиците од неа, врз глобалната економија, а пред се во ситуацијата со енергијата и обезбедувањето храна, да се фрли на грбот на Киев и Западот и неговите сојузници.
Војна за сцето и умот
Сега е познато дека битката за обезбедување вистински наратив, за вистинска, а не за лажна информација и против дезинформациите , започна со глобалната пандемија со коронавирусот, со пласирањето ординарни лажни тврдења кои предизвикуваа збунетост кај оние кои ги примаат информациите , а потоа и отпор кон сите мерки кои здравствените власти ги применуваа во борбата со вирусот, а за здравјето на луѓето.
Но ова сега, поврзано со војувањето на украинска почва е сосема поинаква битка. Војната против лажните вести, затоа, не се води со војници, на бојно поле, туку на информативниот простор, трудејќи се да се освојат срцето и умот на луѓето- за да веруваат во лагите и невистините, а не во точната информација и во вистинските состојби.
Продукција и фабрикација на слики и на видео материјали , беа досега најмногу користена техника за лажни вести и невистинити информации од страна на Русија и Кина, за да пласираат невистини за своте потреби.
Кина потплатува инфлуенсери
А, ги пласираат преку разни начини, вклучувајќи ги формалните, официјални , дипломатски канали.
Тоа го прави Сергеј Лавров, на пример, воинствениот шеф на дипломатијата на путинова Русија кој од почетокот на агресијата врз Украина, на неколку пати беше во Африка- ширејќи дезинформации зашто Москва не им испраќа храна (пшеница) и вештачко ѓубре на земјите од тој континент. Обвинувајќи го секогаш Западот за тоа што руската страна не може да го направи и испорача она што го ветила.
Кина, пак , користи тактика на конспирација преку нејзините дипломатски мисии , разните државни функционери и нејзините строго контролирани државни медиуми. Освен тоа, Кина дава пари (потплатува) инфлуенсери на социјалните мрежи за да работат- да шират невистини- за кинеските политичко-идеолошки потреби.
Најчесто поврзано со контрирање на критиките за човековите права ( Хонг Конг), или за задушувањето на правата на некинските малцинства во НР Кина- главно за Ујгурите.