Болеста која го убива Брус Вилис
Семејството на прославениот холивудски актер Брус Вилис (67) потврди дека боледува од специфичен облик на деменција – позната во медицината како фронтотемпорална деменција ( болест која го напаѓа предниот дел од мозокот) – за која, засега, не постои ниту лек , ниту терапија.
Во соопштението на семејството се вели дека претходната дијагноза, за тоа дека станува збор за афазија, сега е изменета, затоа што болеста продолжила да напредува, па сега лекарите знаат дека станува збор за овој, потежок облик на деменција.
Нема лек за фронтотемпорална деменција
Болеста се карактеризира со видлива промена во однесувањето на заболениот, или со тешкотии поврзани со јазикот и говорот , во зависност од делот на мозокот во кој е започнат процесот на болеста.
Нема лек за оваа деменција- се вели во соопштението на семејството , кое ја има прифатено реалноста во која се наоѓа Брус Вилис. При тоа се изразува надеж дека големото медиумско интересирање за неговиот случај, како и за болеста што го има нападнато, ќе придонесе за интензивирање на истражувањата во медицината за да се дојде до лек за неа.
Минатата година Вилис соопшти дека се повлекува од глумата и од снимањето филмови , откивајќи дека е болен од боласта афазија и дека поради тоа не може повеќе да снима.
Медиумите во САД сега откриваат дека актерот познат по своите бројни акциони улоги во исто таквите филмови, а најмногу по култната филмска серија филмови „Умри машки“ , подолго време имал сериозни проблеми со здравјето и тешкотии да настапува, уште пред да биде објавено повлекувањето.
Друг му ги дошепнувал репликите
Според искази на негови блиски соработници и на луѓето кои учествувале при правењето на неговите последни филмови, Брус Вилис во последните три години од неговата богата кариера има снимено дури 22 филма- додека веќе бил заболен од афазијата.
Критичарите сите овие остварувања ги имаат оценето како просечни, според квалитетот поради што многу брзо од кино салите биле префрлени на интернет, провлекувајќи се поради неговата популарност кај гледачите.
Сега, меѓутоа, се открива дека нивното снимање одело многу тешко, поради неговата болест. Посебно доколку имало сцени со пукање од пиштол , но и затоа што некој друг морал да го изговара текстот што бил предвиден според сценариото. Едноставно, текстот го изговарал така што друг му го читал она што Вилис требало да го каже, слушајќи ја репликата преку слушалките што ги носел во ушите.
Во тоа време, неговите менаџери се избориле овие филмови да се снимаат не подолго од два дена и со по четири часови работа во текот на денот. Еден од каскадерите во еден од последните филмови изјавил дека Брус не бил ниту свесен каде се наоѓа, па постојано ги прашувал луѓето на филмскиот сет – каде се наоѓа и што воопшто бара таму.
„Го водеа како кукла во куклен театар“
„Сето тоа изгледаше тажно и делуваше како целата екипа и луѓето на сетот да го водат онака како што се водат куклите на конец, во куклените театри“- изјавил овој сведок од снимањето.
Имало и ситуации тој целосно да се изгуби и неконтролирано да се однесува, при што постоела опаснист да дојде до некоја несреќа во текот на снимањето. Ситуацијата не се подобрувала, иако сценаристите максимално морале да ја скратуваат неговата улога, особено кога требало да го зборува текстот што му бил определен за да го изговори,
Американските лекари велат дека болеста е повеќе машка, затоа што повеќе ги напаѓа мажите, отколку жените. За разлика од „обичната“ деменција, од која страдаат луѓе шпстари од 65 години, фронтотемпоралната деменција повеќе напаѓа помлади лица- на возраст меѓу 40 и 60 години.
Обично заболените не живеат подолго од две години откако болеста ќе биде дијагностицирана, но се вели дека има пациенти кои со болеста живееле и десет години.