Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Три годишно крстарење со крузер околу светот

Три годишно крстарење со крузер околу светот

Американската компанија „Life at Sea” почна со резервации за едно патување, какво велат, немало досега. За патување со брод-крузер , по сите океани , околу светот, долго 135 илјади милји, што ќе трае три години.

Почнува на 1 ноември оваа  и  завршува во ноември 2026 година. Тоа задоволство, за да се поминат три години од животот на брод, далеку од дома и од секојдневието – чини и многу пари- 90 илјади долари за едно лице, или по 30 илјади за секоја година.

Седум континенти и 135 земји

Бродот-крузер тргнува од пристаништето во Истанбул и на својот долг пат (според ветувањето на компанијата) треба да се посетат, а во некои  и да се престојува 375 пристаништа на сите страни од светот, во дури 135 земји, на сите седум континенти ( вклучувајќи го и Антарктикот).

Компанијата ветува дека жителите на бродот ќе имаат можност да видат се што треба да се види од светот- од Рио де Женаиро, мексиканскиот Чичен Ице и перуанското чудо Мачу Пичу, до индисниот Таџ Махал, кинескиот Голем ѕид и пирамидите во Гиза. Притоа, вклучена е и посетата на дури 103 „рајски тропски острови“.

Бродот крузер „Џемини“ што сега крстосува во Егејското море, меѓу Турција и Грција, ќе биде комплетно припособен за живот и работа во следните три години престој на него. Крузерите и онака се како мали градови што пловат, но овој ќе има и услови за работа и бизнис „ од дома и од далеку“.

Бизнис „од дома“

На патниците кои не може да ја прекинат својата работа им се нуди тоа да го прават од големиот крузер- со својот бизнис центар, со дваесеина канцеларии што бесплатно ќе се издаваат, со деловна библиотека и со WI-FI со голема брзина. Дури се нудат и даночни олеснувања со статус на меѓународен резидент  на брод.

Бродот со себе носи и комплатно уредена болниц која е на услуга 24 часови , без дополнително плаќање на секакви медицински услуги.

Предвидено е за следниот Божик , бродот и патниците на него да бидат во Бразил, а за Новата 2024 година во Аргентина, а од таму преку Карибите, централна Америка и западниот брег на САД до Хавајските острови.

Скапо задоволство

Итинирерот предвидува посета на низа земји на Далечниот Исток и во Азија, крстарење околу Австралија, Нов Зеланд и јужните делови на Тихи океан, рајските острови на источниот брег од Африка, обиколка на западниот брег од „Црниот континент“ , на пат кон Европа. Предвидено е да се плови околу северна Европа, но и меѓу земјите од Медитеранот.

Пресметката вели дека една двојка за сето ова треба да плати 180 илјади долари, не сметајќи ги трошоците по бројните пристаништа и градови каде патниците ќе излегуваат на копно.

Но, компанијата вели дека ова е понуда каква се добива еднаш во животот – да се види од светот се она што вреди да се види- како и цели три години да се замине од дома и притоа да се остави се зад себе.

Потребни се само многу пари и спремност да се издржи животот на брод.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе