Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Најбогат Луксембург, најсиромашна Бугарија

Најбогат Луксембург, најсиромашна Бугарија

Податоците на Евростат за висината на Бруто националниот производ  (БНП) на секоја од земјите на ЕУ, во 2022 година, од што се извлекуваат и податоците за куповната моќ на луѓето, покажуваат дека највисок стандард и најголема куповна моќ има населението во најмалата членка од западниот дел на Европа – Луксембург.

Населението на малото кнежевство (од нешто над 600 илјади луѓе) во минатата година имале стандард што е за 260 отсто повисок од просекот на целата Европска Унија. Во истата таа година, на дното на скалата од 27 земји, е Бугарија. Нејзиното население имало стандард кој е за 59 отсто понизок од  просекот што го има целата Унија.

Ирска пред најголемите во ЕУ

Ваквото рангирање не претставува изненадување, затоа што и во претходните години, Луксембург се означува како најбогатата европска држава ( секако сметано според бројот на нејзиното население), а Бугарија која од јануари 2007 година е во ЕУ, важи за најмалку развиената и најмалку богатата земја-членка .

Оваа балканска држава, единствена заостанува во својот развој меѓу оние од Истокот, примени во мај 2004 година, па  сега е рангирана и зад Романија, со која заедно влезе во Унјата и зад Хрватска која е последната новопримена членка, во 2013 година.

Внимание во ваквото рангирање, сепак, повеќе привлекува второто место на Република Ирска, што сега е веднаш зад Луксембург, а пред „големите и моќните “ во ЕУ (Франција, Германија, Шпанија).

Некогаш сиромашната европска, островска земја, позната како најголем „извозник“ на мигранти во Европа ( главно во САД и Канада) и силно неразвиена пред влегувањето ва ЕУ  (тогашната ЕЕЗ), во седумдесетите години на 20 век, сега е второ рангирана, според стандардот на луѓето и нивната куповна моќ.

Ирците во Републиката имаат животен стандард кој е за 134 отсто над просекот на ЕУ, покажувајќи на тој начин.  колкаво големо влијание врз развојот, богатството и стандардот на земјата и нејзите луѓе има извршено влегувањето во Унијата во 1973 година.

Хрватскиот успех и бугарскиот пад

Ваквата разврска предивика, во 2022 година, богатите и високо развиени земји, какви што се Холандија, Белгија, Австрија и Данска, во минатата година, солидно да заостануваат според стандардот на луѓето , во споредба со една Ирска.

Франција, на пример, која е втората по моќ  економија во Европа ( зад Германија), според животниот стандард се наоѓа на 50 отсто над просекот на ЕУ.

При дното, над  последно рангираната Бугарија, се наоѓа  Словачка, уште една од поранешните комунистички држави- сателити на екс СССР, која сега е дел од ЕУ. Но, таму е сместена и една Грција, иако и едната и другата земја се подобри по овие параметри во споредба со бугарската позиција, на една ваква скала на Евростат.

Подобри од овие две земји,  со повисок стандард и куповна моќ ( гледано од одоздола, па нагоре)  се рангирани  Хрватска,  па потоа Летонија и Романија, како и Португалија. Станува збор за уште една сиромашна земја во шеесетите години на 20 век ( како и Ирска),  која максимално го има искористено членството во ЕУ, за својот  забрзан економски и општествен развој.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе