Милијардерите „бегаат“ од Норвешка
Вистински егзодус е забележан во најбогатата европска држава, со заминувањето на рекорден број многу богати Норвежани од земјата откако владата во Осло ја зголеми стапката на данокот за богатите- за 0,1 отсто.
Последниот на списокот на многу богатите „бегалци“ е најголемиот даночен обврзник во Норвешка, најголемиот акционер на компанијата Акер-АСА, Кјел Инге Роке. Од својата Норвешка тој се пресели во Швајцарија, во Лугано- пишува норвешкиот весник „Дагенс Нихетер“.
„Пукање во сопственото колено“
Неговото богатство се проценува на повеќе од две милијарди евра , но се наоѓа меѓу групата од 50 милионери и милијардери кои во 2022 година ја напуштија својата земја, за да живеат во странство, објаснувајќи дека се погодени од зголемената стапка за оданочување со данокот за богати.
Тоа е рекореден број богати Норвежани кои се одлучиле на еден ваков чекор , иако стапката за оданочување е зголемена само за 0,1 отсто.
Критичарите на оваа владина одлука оценуваат дека станува збор за „пукање во сопственото колено“ , бидејќи таа предизвика земјата да остане без десетици милиони евра кои сега помалку влегуваат во буџетот, од данокот што богатите го плаќаат. Тие педесетина за кои пишува весникот од Осло, заеднички се проценети на над 3,6 милијарди евра, предпредувајќи бројот на „бегалците“ ќе продолжи да се зголемува.
Норвешка е една од четирите земји, членки на ОЕЦД која се уште има данок на богатство.
Данокот за кого велат дека е „трн во окото“ на многу богатите , потекнува од 1990 година , кога 12 земји од ОЕЦД воведоа ваков данок. Најголемиот број од нив, меѓутоа, се откажаа од него уште во текот на деведесетите години на 20 век, како и во годините од овој.
Закон од 1990 година
Франција, на пример, се откажа од овој закон во 2017 година, отако се соочи со сознанието дека за 16 години, од 2000 до 2016 година, од земјата има „избегано“ 60 илјади француски милионери.
Законот за посебно оданочување на богатите се означува како контроверзен, затоа што – во основа- не носи голема полза за владите во земјите каде беше воведен и каде се уште постои. Во Норвешка, на пример, само еден отсто од вкупните норвешки (даночни) приходи , доаѓаат од екстра оданочувањето на богатите.
Со законот, инаку, секој Норвежанец кој заработува 160 илјади евра, во нето износ, подлегнува на обврската да плаќа ваков екстра данок. Од парите што ги собира владата- 0,3 отсто се префрлаат во државниот, а 0,7 отсто во општинскиот буџет. Оние Норвежани со богатство од две милијарди евра,како споменатиот Кјел Инге Роке , плаќаат ваков данок по стапка од 1,1 отсто.