Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Нема помилување за Никола Саркози

Нема помилување за Никола Саркози

Францускиот Апелациски суд, ја одби жалбата на поранешниот претседател Никола Саркози за казната -три години затвор- како  и други две условни пресуди- сите врзани за корупција.

Поранешниот претседател, сепак, нема  да оди во затвор, па тригодишната казна ќе ја издржува во домашен притвор, со електронска белезгија на ногата- за да се следи неговото движење и да се спречи бегство.

Прв претседател во затвор

Во март 2021 година, Саркози беше прогласен за виновен и осуден на три години затвор за правање заговор и за злоупотреба на функцијата, тргувајќи со влијание, како шеф на државата, што го има злоупотребено во време на кампањата за нов претседателски мандат. И при изрекувањето на таа пресуда, на поранешниот претседател му беше ивозможено казната да ја отслужи – дома.

Судијата на жалбениот суд, во одлуката да не се прифати жалбата и барањето за ослободување- повикувајќи се на тоа што бил претседател на Франција- има речено дека Саркози веќе го има искористено својот статус, како поранешен претседател ( со висината на казаната и со можноста да ја издржува во домашен притвор). Апелациониот судија  инсистирал дека станува збор за „посебно сериозни престапи“ за кои не може да има помилување.

Никола Саркози (68)  е првиот претседател на Франција кој е осуден на казна затвор и испратен на нејзино  издржување.

Одбивање на жалбата

Но, не е првиот кој е осомничен и кому му се судеко. Сега  починатиот Жак Ширак, како бивш претседател, беше исто така осуден на три години затвор, во еден со години  развлечен случај на корупција и злоупотреба на државни пари за изборна кампања. Но, казната веднаш беше преименувана во условна.

Саркози беше претседател во еден мандат, од 2007 до 2012 година. Во текот на судењето, а  и во жалбената постапка , тој  категорично ги отфрлаше обвинувањата, демантирајќи дека има направено нешто што е спротивно на законите.

Судот во Париз и во едниот и во другиот случај, меѓутоа, ги има прифатено наодите на обвинителството за тоа дека станува збор за сериозен кривичен престап- правење заговор, со подмитување.

Заговор со судија-доушник

Случајот потекнува од времето кога Саркози веќе не беше во Елисејската Палата.

Поранешниот претседател, тогаш   нелегално настојувал да дојде до доверливите судски информации за текот на истрагата за  еден негов поранешен случај, со помошта на судија, кому за помошта му има ветено повисока функција и влез во политиката.

Станувало збор за истрага околу финансирањето на неговата претседателска изборна кампања во 2007 година.

Саркози успеал на судијата-доушник да му обезбеди место во владата на Монако, преку своите политички врски и силното влијание кое го имал , како бивш претседател  како во Франција, така и во Монако.

Кога се откри аферата, судијата-доушник веднаш беше сменет со одлука на принцот од Монако, Алберт, а тој беше суден и осуден во Франција, во посебен случај- за корупција и за примање поткуп.

(П.Ф.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе