Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Словачка „заробена“ во убиството на новинарот Куцијак

Словачка „заробена“ во убиството на новинарот Куцијак

Повече од пет години Словачка е „заробена“ во случајот со убиството на еден новинар-истражувач и на неговата свршеница. Властите во меѓувреме го имаат откриено и осудено извршителот, како и неговите двајца помошници, но и натаму останува отворено и без одговор прашањето- кој го има нарачано .

Во февруари 2018 година, новинарот Јан Куцијак (27) и неговата свршеница Мартина Кушнирова беа најдени убини во нивниот стан во местото Велики Маци, во близината на Братислава и нивната професионално изведена ликвидација веднаш предизвика шок, а потоа и бранување во словачката јавност, но и во домашната политика, што предизвика пад на еден премиер.

Кој го нарачал убиството

Тогаш изгледаше дека случајот може да се затвори, но работите заглавија кога требаше да се осуди човекот кој беше осомничен дека го нарачак убството. Станува збор за поранешниот бизнисмен и моќник Марјан Кочнер кој се товареше дека го замислил и го платил двојното убиство, за да се казни новинарот за неговите напиоси во кој го обвинува за врски со италијанската мафија.

На првото судење овој човек беше ослободен од обвинувањето. По жалбата на обвинителството, случајот беше повторен, но Кочнер уште еднаш беше ослободен- нема докзаи дека тој го барал и го платил убиството. Таквата (повторена) разврска предизвика убиството на Куцијак да се прогласи за настан без преседан во поновата словачка историја.

Убиството се има случено во времето кога новинарот ја има истражувано корупцијата во власта и посебно врската на луѓе од владината администрација со криминалот и криминалното подземје. Случајот ја разбранува и европската јавност, не само затоа што се сучи во земја од ЕУ, туку и затоа што беше изведена на типичен мафијашки начин- нешто што инаку се случува во Италија и посебно на Сицилија.

Замешаност на италијанската мафија

Убиството на двојката која се подготвувала да стапи во брак, се случи веднаш откако новинарот ги објави своите наоди од истражувањето.

Куцијак откри дека во Словачка се присутни луѓе на злогласната италијанска мафијашка организација Ндрангета. Но и тоа дека тие се врската на мафијата со словачкиот „валкан“ бизнис , како и со двајца ( во тоа време) високи советници во словачката влада.

Најмногу затоа, веста за убиството предизвика јавен гнев , а тоа најмасовни протести во оваа средноевропска земја од времето на падот на комунизмотѕ во 1989 година и разделувањето на Чешка и Словачка, по распадот на поранешна Чехословачка.

Демонстрантите бараа оставка од тогашниот премиер Роберт Фицо- силен националист и популист- како и од неговата влада. Без разлика што еден поранешен војник веќе призна дека ги убил новинарот и неговата свршеничка, а заедно со него беа осудени и две други лица, означени како помошници во злосторството.

Две судења – без вина

Фицо поднесе оставка, а замина и неговата контроверзна влада, но работите застанаа кога требаше да се осуди Кочнер, за кого обвинителите тврдеа дека го има нарачано убиството. Беше обвинет и во 2020 година, 2,5 години по убиството, изведен на судење. Но,  судот во Братислава го ослободи – оцени дека тој не го нарачал убиството.

Врховниот суд незадоволен од пресудата, наложи второ судење за бизнисменот Кочнер и за една негова соработничка. Тие двајцата веќе беа во затвр за други кривични дела, поврзани с измами, на високи затворски казни, а обвинителите- како и во првиот процес- и сега тврдеа дека тие се виновни и за убиството на новинарот и бараа 25 години затвор за обајцата.

На вториот процес, одражан 2,5 години  по првиот, соработничката на бизнисменот беше прогласена за виновна , за соучесништво и дека знаела што се подготвува, но Кочнер одново беше ослободен. Јавноста во Словачка уште еднаш остана вчудоневидена , а најблиските на убиените гневни на судот и на домашното правосудство.

Фицо сака „кам-бек“

Медиумите прашуваат – како е можно соработничката да е виновна, кога таа нема никаков мотив за двојно убиство, е за невин се прогласува главниот осомничен.

Словачка, и без овој случај без крај, одново е соочена со политичка криза. На почетокот од месецот падна уште еден премиер, откако остана без подршка во Парламентот, а претседателката Зузана Капутова се одлули наместо на избвори, да се создаде техничка ( експертска) влада .

Роберт Фицо за кого се мислеше дека е политички „мртов“ одново дига глава и дури има амбиции да се врати на сцената како премиер. Продолжува со својот национализам и со русофилството, на задоволство на Москва. За претседателката Капутова вели дека била „американски агент“.

(Б.С.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе