Ослободена жената која го убила силувачот
Обвинителството во Мексико го повлече обвинувањето против една жена која беше осудена на затворска казна од шест години , затоа што го убила човекот што ја силувал. Убиството на насилникот го има извршено за време додека била силувана.
Насилството и убиството се слчиле во 2021 годинс, но судењето се одража минатата недела. Според судијата на процесот, 23 годишната жртва на насилството , навистина, била силувана, но таа ,сепак, била прогласена за виновна за убиство.
Заклучокот бил дека – жената „употребила претерена сила при легитимната самоодобрана“ (!) Па, освен затворот, судијата за жртвата определил и парична казна од 17 илјади американски долари- како отштета на семејството на силувачот.
Шест години затвор за силуваната
Ваквата пресуда има предизвикано вчудоневиденост и гнев во мексиканската јавност, а разните организации за човекови и женски права, како и сите феминистички групи и здружанија организираа масовни протести, обвинувајќи го правосудниот систем на државата, затоа што со една ваква пресуда ја криминализира жртвата на сексуалното насилство, а го заштитува насилникот-силувач.
Ваквата пресуда е уште по скандалозна затоа што доаѓа од земја, каква што е Мексико, каде секоја година се регистрираат огромен број насилства врз жените и силувања што многу често остануваат неказнети. Официјалните држани податоци откриваат дека безмалку половината од жените во Мексико имаат доживеано сексуално насилство.
На масовниот протест во Мексико Сити демонстрантите носеле транспаренти барајќи поголема заштита на жените, при што доминирал транспарентот на кој било запишано- „Одбраната на мојот живот не е злосторство„.
На јавниот гнев , регираше претседателот на државата Мануел Лопез Обрадор кој во саботата им изјавил на новинарите дека веднаш ќе ја помилува нападнатата жена.
Секој ден по десет убиени жени
Како што пренесуваат локалните медиуми, на тоа се спротивставиле адвокатите на жртвата на силувањето , затоа што според правните толкувања- помилувањето во една ваква пресуда би значело признавање и прифаќање дека таа (сепак) извршила злосторство , иако е невина.
На тоа реагирало и државното обвинителство кое во соопштение до јавноста има речено дека итно ќе го преиспита целиот случај што се има развлечено две години, по што била донесена одлука жената да се ослободи од секаква вина. Овој пат, обвинителството се согласило дека жртвата на силувањето делувала во самоодбрана.
Во текот на 2022 година, во Мексико се регистрирани 3755 убиства на жени, речиси по десет на ден, што претставува зголемување во споредба со претходните години. Само третина од убиствата се означени како фемицид.