Трка со времето во Атлантикот
Мала подморница, главно наменета за истражувачки, подморски мисии, се води како исчезната во водите на Атлантикот.
Во неа се наоѓаат пет лица-туристи и авантуристи, инаку сите богати луѓе, кои имаат платено по 250 илјади долари за да се спуштат до големите океански длабочини, каде лежи потонатиот прекоокеанскиот брод „Титаник“.
Не е прв пат мали подморнци да се спуштаат до бродот , што инаку се наоѓа на дното од океанот, на длабочина од 38оо метри. Неговатра локација е на околу 600 км. од брегот на Њуфаундленд, во Канада.
Кислород за 70 часови
Познато е дека едно нурнувањето до дното и до остатоците на „Титаиик“ и нивното разгледување, трае осум часови.
Но, овој пат, од бродот кој на површината има комуникација со малата подморница, беше соопштено дека е загубен контактот- без да се знае дали е во прашање некаков комуникациски проблем, или пак во прашање е хаварија.
Веднаш е покрената тревога и е започната операција за потрага по подморницата и за спасување на луѓето во неа.
Станува збор за подморница која е безмалку долга седум метри и тешка 10.430 килограми. Може да се спушти до 4000 метри под морското ниво и во неа може да преживеат петмина , до најмногу 96 часови, колку што се резерите со кислород.
Затоа, според експертите, целата операција за спасување сега се наоѓа во жестока трка со времето. Проценките се дека подморницата има резерви кислород за околу седумдесетина часови.
Богати трагачи по возбуда
Трагачите имаат соопштено дека подморницата се има огласено од дното на океанот, во моментите кога се наоѓала над остатоците на бродот, што во океанските води лежи поделен на два дела, а меѓу нив и околу се тврди дека има бројни остатоци од распарталениот брод.
Се смета дека тоа може да бидат опасно за вакви „туристички“ мисии во кое се наоѓаат крајно љубопитни луѓе кои сакаат од непосредна близина да видат се што може. Колку и да е познато дека од 1985 година кога е откриен потонатиот „Титаник“- во бројни експедиции (практично) се е истражено и познато.
Во подморницата се наоѓаат британскиот милијардер Хамиш Хардинг , за кого се вели дека е силен авантурист и истражувач, како и пакистанскиот богаташ Шахзада Давуд и неговиот 19 годишен син. Семејствотвото Давуд важи за едно од најбогатите во Пакистан , но има силни бизнс врски и со Велика Британија.
Во неа се наоѓа и пилотот на пловилото, инаку капетан на американската подморница „Наутулиус“ , како и извршниот директор на компанијата која ја поседува подморницата и ја издава за вакви мисии,
Четврток- краен рок за спасување
Според британските медиуми , кои се повикуваат на експерти, се стравува дека подморницата е премногу длабоко за да може да се спасува нејзината посада . Крајниот рок за таквата операција, каква и да биде, е четврток на полноќ, до кога се верува ќе се истрошат резервите со неопходниот кислород.
Најстрашната варијанта на сегашнва кризна ситуација е дека „Титаник„ би можело да се случи и понатаму да одзема животи, 111 години по потонувањето на бродот на неговото прво патување од Саутемптон, во Британија, до Њујорк.
Потона на 12 април 1912 година, кога удрил во една огромна санта мраз, па непотопливиот брод, како што се рекламирал, потонал за само два часа и 40 минути. Од неговите 2200 патници и членови на посадата се имаат спасено само околу 750 лица.