Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Косово бара од ЕУ сменување на Лајчак

Косово бара од ЕУ сменување на Лајчак

Косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала  побара од ЕУ нова и поинаква стратегијата на Западот за Косово, со испраќање повеќе дипломати и над се да  воспостави поостар курс кон Србија.

Во интервју за австрискиот весник „Стандард“ таа го обвинува специјалниот пратеник  на Унијата за дијалогот Приштина/Белград, словачкиот дипломат  Мирослав Лајчак дека застапува истоветни ставови и позиции како и српскиот претседател Александар Вучиќ, што според неа само се охрабрува ескалацијата на ситуацијата, наместо да се придонесува за смирување на состојбата на северот од Косово.

„Ескалацијата во тој дел од Косово е последица на погрешната стратегија и на постапките на Лајќак кој многу често ги зазема ставовите кои ги  има Вучиќ. Затоа, ова не е само смртоносно за посредувањето, туку уште повече го потикнува српскиот претседател на нови ескалации„- има речено Гервала.

„Проблематични дипломати“

Според косовската министерка, ситуацијата сега е „исклучително опасна“ , особено што на косовската територија, како што тврди, има и „трупи на Вагнер“. Затоа таа сугерира дека е потребна нова стратегија , со нови луѓе ( дипломати)  доколку се сака смирување на ситуацијата.

Во својата остра елаборација на работата на Лајчак , министерката има речено дека Западот не би требало да дозволи „некои проблематични“ поединци да го вовлечат целиот регион во нова војна.

„Косово не може да си дозволи да изврши политичко самоубиство , дури ни за волјата на своите најблиски пријатели. Ние и Западот не смееме да дозволиме , неколкумина проблематични дипломати да го вовлечат регионот во војна,  со путиновиот застапник Вучиќ. Во секој случај, ние (Косово) ќе ја браниме нашата земја,  бранејќи го владеењето на правото и демократијата“- има речено Гервала.

Кризни разговори во Брисел

Таа инсистира дека Западот мора да го спречи српскиот претседател „одново да се замеша со закани и со насилство во една странска земја“ – за да се натераат косовските Срби да ги бојкотираат изборите за градоначалници во општините во северно Косово – како што тоа се случи во април оваа година.

„На 17 март, Западот гарантираше дека нема да има бојкот (од српска страна) за априлските избори. Резултатот, меѓутоа, е добро познат и веќе не треба да се повторува“- вели косовската министерка Доника Гервала за виенски „Стандард“.

Интервјуто се појави пред вонредната, кризна средба на Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, во канцеларијата на шефот на европската дипломатија Јосеп Борел.

Претходно, српскиот претседател грубо порача дека „нема за што да разговара„, па затоа и нема да патува за Брисел. Курти, пак, иако на почетокот настојуваше да појажува дека и тој е лут ( на ЕУ и САД) , изјави дека тој, сепак, ќе оди кај Борел. Својата одлука да патува, ја пропрати со специјално обраќање до косовските Срби- ма српски јазик- за тоа дека нема прогон на етничките Срби, ниту дека тоа ќе се прави, дека тој е против војна и насилство , а дека Вучиќ „веројатно има убави спомени од војната“.

Курти со обраќање до косовските Срби

Станува збор за алузија  на времето од  деведестите години ид 20 век и војните на просторот на екс ЈУ, кога сегашниот српски претседател беше шеф на пропагандата во време на режимот на Слбодан Милошевиќ. Во тоа време,  важеше за силен подржувач на војните на Србија против сите другите.

Од друга страна, Курти  и натаму тврди дека тројцата косовски полицајци, околу кои  ескалираше ситуацијата,  биле киднапирани додека се наоѓале на косовска територија- тврдејќи дека во тој момент луѓето ручале. Приштина тврди дека своите докази ќе му ги достави на Брисел.

Првичната одлука на Белград да се бојкотира средбата во Брисел, предизвика реакција од ЕУ, како и порака дека недоаѓањето ќе повлече со себе европски реакции , односно казнување и за двете страни, па српскиот претседател, како и неколкупати порано, ја смени својата одлука.

Соопшти дека ќе патува на средба со Борел за да- како што има речено- слушне што тој има да каже- но дека нема да се среќава со Курти, затоа што немало повеќе за што  да се зборува.

Најопасна криза во поново време

Европските медиуми кои внимателно ја следат најновата косовска криза, како и ескалацијата на насилството, ја означуваат ситуацијата како најсериозна во последната деценија.

Австриските и германските весници, на пример, истакнуваат дека САД,  пред се, како и Европа, се премногу наклонети кон Вучиќ , иако тој се повеќе  ја губи подршката во сопствената земја, поради газењето на медиумските слободи и толерирањето на политиката на секакво насилство кон сопствените граѓани.

Тоа се гледа по длабоката политичка и општествена криза во земјата, по масовните протести кои траат после 3 мај и масовните злосторства во Белград и во Младемовац.

Овие медиуми веруваат дека тоа е последица на американскиот заклучок дека актуелниот српски претседател е единствениот кој може да обезбеди да се дојде до нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

Особено што во српската опозиција нема ниту сили, а засега  ниту лидер кој е спремен да се зафати со  разрешување на косовскиот чвор, како и да ја оддели Србија од Москва и од Путин, па затоа земјата полека оди кон една српска “шарена револуција“.

„САД не се попустливи“

Американскиот специјален пратеник Габриел Ескобар, меѓутоа, ги отфрла обвинувањата дека САД се сервилни кон Вучиќ, иако тој како да знаеше од претходно дека нема да има средба на српскиот претседател и косовскиот премиер.

Ескобар открива дека се уште има  големи разлики  меѓу двете страни, околу преговорите за нормализација и посебно, околу  изгледот на Заедницата на српските општини (ЗСО), што во овој момент е најголемата сопирачка.

Американскиот дипломат тврди дека Мирослав Лајчак и неговиот тим имаат изработено 16 верзии за ЗСО, па дека  затоа нема друго туку да се седне на маса и да се преговара. Ескобар притоа  тврди дека САД имаат еднаков третман и кон двете страни во преговарачкиот процес.

„Ги признавме изборните резултати, иако имаше мала излезност на гласачите, но бараме новите градоначалници да не беидат натурени и насила поставени. Од српската страна, од претседателот Вучиќ, баравме безуслово да ја трегна српската војска (од границата) и да ги потикне Србите да се вратат, без поставување услови . Тој ги прифати и двете барања“- има речено Габриел Ескобар.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе