Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Лаура Ковеши ја претресува Бугарија

Лаура Ковеши ја претресува Бугарија

Јавната обвинителка на ЕУ, Лаура Ковеши покрена широка истражна операција во Бугарија за злоупотреба и грабеж на пари од европските развојни фондови. Оваа балканска члнка на Унијата се смета за земја каде има најмногу вакви случаи.

По налог на канцеларијата на европското обвинителство , пред неколку денови бугарската полиција има извршено претрес во триесетина приватни куќи и службени канцеларии , трагајќи по докази за обвинувањето за злоупптреба на парите кои на Бугарија и ги има доделено ЕУ за побрз развој .

Во текот на операцијата е уапасен и градоначалникот на малто место Капетан Тошево, во округот Добруџа, во североисточниот дел од земјата.

Европските пари кај криминалните групи

Операцијата со која Брисел настојува темелно да се претресе  досегашното нечесно однесување и  бугарска практика да се поткрадува ЕУ, долго време беше во некаков „стенд-бај“ и покрај силниот притисок од Унијата , поради блокадите на домашните политичари и на владите во Софија- политички и технички- во изминатите години.

Сега ситуацијата е изменета, затоа што на власт во Софија е една реформска, европска и вистински прозападна влада, па  стана можно Ковеши и нејзиниот тим да го покрене бугарското досие.

Според бриселски „Политико“ , операцијата во Бугарија е значајна и затоа што овие украдени и злоупотребени пари дадени од Унијата, се еден од важните приходи на разните бугарски криминални групи. Во Софија е откриено дека уште во 2020 гдина било утврдено дека се отуѓени 15 отсто од европските пари што ЕУ и ги има доделено на оваа своја членка.

Јвното обвинителство на ЕУ овде има голема работа, затоа што се отворени и покренати дури 143 истраги , за злоупотреба на безмалку 500 милиони евра.

Уапсен и еден градоначалник

„Политико“ потсетува дека Бугарија како најсиромашната членка на ЕУ редово бара пари од европската каса , која се полни со парите на европските даночни обврзници- за изградба и за модернизација на заостанатата инфраструктура и за претворање на старите , од комунистичко време, градби во енергетски поефикасни објекти – како мерка за заштедување на енергија.

Во случајот на Капетан Тошево, се води кривична  истрага за два поголеми проекти. За градба на железничката инфраструктура за која ЕУ има дадено 240 милиони евра и за енергетската ефикасниост на станбениот фонд  за што се користени над 170 милиони од европските фондови.

Градоначалникот на овој бугарски град е притворен затоа што давал лажни податоци за градежните работи , посебно за оној за енергетската ефикасност на стариот станбен фонд во неговата општина. Проектот  бил договорен и изведуван преку приватни фирми- за што контролата ја имала општината и нејзините служби.

По сослушувањето , градоначалникот бил пуштен од притвор со кауција од пет илјади евра. Пред зградата на судот , бил пречекан од поголем број негови приврзеници и почитувачи кои, како и тој, тврдат дека нивниот градоначалник не е виновен.

Сменет контроверзниот обвинител

Во секој случај, покренувањето на „бугарското досие“ се означува како напредок во борбата со корупцијата, криминалот и злоупотребата на европските пари.

Премиерот Николај Денков при преземањето на должноста ( на 6 јуни) вети остра борба против вкоренетата корупција, како и ослободување на бугарските безбедносни сили – за да не бидат управувани од Русија.

Во Софија се проценува дека владата  полесно ќе се справи со пресметката со руското влијание, отколку со корупцијата која се влече уште  од времето на комунизмот и пост-комунизмот, одржувајќи се и по влегувањето на земјата во ЕУ, во 2007 година.

Но, се смета дека работите и на овој план сега ќе може полесно да се покренат, затоа што после долго  опирање беше тргнат контроверзниот бугарски јавен обвинител Иван Гешев , за кого во Софија велат дека  бил моќна пречка за  покренување истраги за корупција на високо ниво.

Покренувањето на толку голем број истраги од Обвинителството на ЕУ, затоа,  се гледа како показател за тоа дека во Бугарија  почнуваат да се  менуваат  состојбите во пресметката со корупцијата.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе