Либерализација на правилата за канабис во Германија
Владата во Берлин даде „зелено светло“ за планот за либерализација на канабисот , што во Германија се смета како значаен прв чекор за декриминилизација на поседувањето ограичено количество канабис. Тоа значи дека во земјата ќе им се овозможи на лицата кои тоа го сакаат да може да го купуваат за рекреативни цели.
Предлогот на новиот закон сега ќе треба да помине во германскиот Бундестаг, а министерот за здравсто верува дека целата работа околу усвојувањето ќе се заврши до крајот на оваа година.
Поседување канабис до 25 грама
Според одредбите на законот, ќе биде легализирано поседувањето на оваа лесна дрога до 25 грама за -како што е речено- рекреативни потреби. Освен тоа, новите прописи предвидуваат давање право на определени лица да можат и самите да го одгледуваат растението, но не повеќе од три растенија.
Германците кои се постари од 18 години ќе им се дозволи да се приклучат кон т.н. непрофитни канабис клубови во кои ќе биде дозволено да има најмногу 500 членови . Новите прописи предвидуваат едно лице да не може да членува во повеќе клубови. Овие клубови ќе може да одгледуваат ограничено количество канабис за своите членови , за лични потреби и за лично користење.
Во иднина, ќе може да се купи до 25 грама канабис дневно, но само до 50 грама во текот на еден месец, односно до 30 грама за оние кои се помлади од 21 година.
Разбивање на „црниот пазар“
Германските власти веруваат дека со ваквиот план за либерализација ќе може да се разбие сега раширениот „црн пазар“, како и да се заштитат оние кои користат канабис од контамираните производи кои ги има на пазарот, но и да се намали криминалот поврзан со наркотиците.
Министерот за здравство Карл Лаутенбах има изјавено дека владата, со новите мерки за канабисот, не создава проблеми ( како што некои тврдат) , туку дека само настојува да се реши проблемот што подолго време е присутен во германското општество.
Десните опозициски партии, меѓутоа, се притиват на либерализацијата , оценувајќи дека владата на канцеларот Олаф Шолц продолжува со легализацијата на овој „ризичен наркотик“ и покрај европските правни пречки и мислењето на стручњаците.
По стапувањето во сила на законот ќе уследи петгодишно тестирање на работењето на лиценцираните комерцијални синџири за снабдување, во определени региони.
Различни решенија во ЕУ
Германската влада после разговорите со институциите на ЕУ се откажа од првичната намера , за продавање канабис низ целата земја во специјални, лиценцирани продавници.
Во Холандија, модел што Германците не го копираат, дозволена е продажба и консумирање на мали количества канабис во специјализирани кофи-шоп објекти, но и натаму е нелегално производство и продажба во големи количини. Во Швајцарија, пак, од лани е дозволен еден пилот-програм со кој е овозможено , меколку стотина луѓе , во Базел , во аптеки ка купат канабис во рекреативни цели.
Луксембург го легализира консумирањето и одгледувањето за лична потреба, Владата на Чешка работи на изготвување свој план сличен на германскиот, а Данска се обиде да изврши легализација, но планот не помина во Парламентот. Франција, меѓутоа, има строги правила во врска со канабисот кои не се преедвидува да бидат ревидирани.
(Б.Г.)