Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Руските бегалци прогонувани во Белград

Руските бегалци прогонувани во Белград

Руската иназија врз Украина и војната против оваа соседна земја, предизвика околу 200 илјади руски државјани да избегаат од својата земја, за да се населат- како бегалци- во Република Србија, а пред се, во Белград.

Велат дека избегале спротивставувајќи се на војната и не сакајќи да бидат мобилизирани, но и затоа што ситуацијата во Русија станала неподнослива за живеење, особено што тоа трае и не се менува веќе со години. Мнозинството од бегалците се во своите средни години, образувани се и признаваат дека сакаат во новата средина да започнат нов живот.

Повеќето од нив имаат либерални погледи, имаат доволно пари и ја сакаат демократијата-  не сокриваат, притоа, дека сакаат и  Русија- да биде вистински демократска држава од европски тип.

Паралелен свет

Белград го одбрале поради словенството, заедничкото православие , верувајќи  во она што српската русофилска пропаганда го означува како- „братски врски и историско сојузништво“ на двете земји и двата народа.

Но, и покрај братството, Русите ги има толку многу што како мигранти-бегалци брзо почнале да се самоорганизираат- изградувајќи  некаков паралелен свет на паралелни култури, па во белградските сали сега има многу повеќе разни руски групи, претстави на руски стенд-ап комедии , а во книжарниците има посебни штандови со книги на руски јазик.

Во Белград,затоа, постои мислење дека присуството на овие руски бегалци полека почнува да влијае за менување на мислењето во локалната јавност и на Србите за војната против Украина, за Русија и за Русите, како и за Владимир Путин.

Тука почнува да се распрснуваат приказните за „братските врски“  , затоа што српските русофили  и антиевропските, антизападни политички сили и медиумите кои го форсираат русофилството , ја величаат путиновата брутална војна против една независна земја, која излезе дека е „виновна„ само затоа што не сака да и слугува на една Русија, таква каква ја води Путин.

„Србите неинформирани за Русија“

Српските  русофили се против европскиот Запад за кој сонуваат руските бегалци и за европската демократија, против која се домаќините. На тоа, руските бегалци велат дека – „Србите не се информирани за вистинското лице на рускиот режим“.

Еден од нив, во изјава за парискиот весник “Фигаро“ кој за Русите во Белград има направено посебен приказ, рекол дека не може никако да разбере и да прифати низ белградските улици и по фасадите на зградите да го гледа симболот на инвазијата и на војната против Украина- знакот „Z”.

Токму  поради него најголемиот број Руси во Белград се избегани. Овој знак за нив и за демократска Европа,  означува подршка на војната и убивањето, против пацифизмот и спротивставувањето на агресијата на руската војска во соседството.

Затоа Русите во српскиот главен град имаат создадено свое посебно друштво- СДР- кое еднаш неделно одржува состанок во една белградска кафе-бар книжарница.

Под надзор на српска БИА

Рускиот адвокат Петар Никетин кој од 2006 година живее во Белград објаснува дека ова друштво има покренато серија мировни активности , заговарајќи мир , прекин на војната и настојувајќи на Србите  да и им се каже што навистина се случува во Русија.

Никетин, меѓутоа, вели дека за него и за СДР, ситуацијата во Србија  и односот на српската- како што вели – авторитарна власт, кон руското  друштво и неговата активност, забрзано се влошуваат.

Особено што неговата активност во Белград е ставено под надзор на српската тајна служба БИА и на нејзиниот  шеф Александар Вулин. За него, Никитин има речено дека тој е „руски човек и дека е отворено на руска страна“, како и тоа дека ги има „шпионирано руските демократски активисти , а сите материјали за тоа им ги има предадено на руските власти“.

Според руските дисиденти во Белград, Вулин се има пофалено дека има  спогодба со Москва  за борба против „шарените револуции“ кои Путин од порано ги има прогласено за „зло што тој нема да дозволи да се шири“ во Русија, но и она што  го означува како „руски свет“.

Апсење на аеродром

Овие луѓе избегани од Русија за да се ослободат од тамошниот авторитарен режим, сега се изложени на силен притисок и во Србија.

На 13 јули Никитин , враќајки се од одмор во Белград, бил задржан на белградскиот аеродром и не му било дозволено да влезе во Србија. Било оценето дека претставува „закана за државната безбедност на Србија“. Овој руски демократски активист, потоа, бил 48 часови задржан , заробен на аеродромот, пред да биде ослободен.

Слични проблеми со државната безбедност имал и Владимир Волоховски, кој инаку е основач на руското друштво СДР, кога пред крајот на јули, му било одбиено барањето за продолжување на престојот во Република Србија.

Волоховски , инаку информатичар по професија , не сокрива дека е противник на режимот на Путин.

„Не сме закана за Србија“

Но и тој и другите руски бегалци  иннсистираат дека немаат направено ништо лошо и ништо против државните и безбедносните интереси на Србија и нејзината власт. Тие сметаат дека нема никаква основа за да бидат прогласени за „закана за српската внатрешна безбедност.

Станува збор за човек кој се има судрено со руската власт.

Во 2022 година, откако го критикувал рускиот претседател, бил уапсен од руските безбедносни органи, а неговиот стан темелно претресен. Но бил пуштен на слобода , што ја искористил веднаш да ја напушти Русија.

„Ние сакаме мир во Украина, крај на војната и слобода за Русија. Ништо од тоа не е закана за Србија. Зашто тогаш ни се заканува српската власт“- имаат за „Фигаро“ изјавено руските бегалци во Белград. Тие сега организираат протести против војната во Украина, но и против  треманот на кој се изложени во Србија.

(С.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе