Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Нема веќе Нагорно Карабах

Нема веќе Нагорно Карабах

За прв пат во изминатите 30 години, мисија на Обединетите нации престојува во Нагорно Карабах, ерменска, сепаратистичка  енклава во територијата од Азербејџан , која се има отцепено, прогласувајќи  „независност“ уште во 1991 година,  што три децении предизвикува силни тензии, меѓусебна нетрпеливост и отворено непријателство.

Две војни се случија во и за Нагорно Карабах. Првата, пред крајот на постоењето на СССР и веднаш по неговиот распад, а втората, пред три години.

Мисијата на ОН, меѓутоа, допатува само  да го надгледува  сегашниот  егзодус на ерменското население од оваа енклава, создадена уште во времето на Сталин и поранешниот СССР, откако азербејџанските сили го скршија отпорот на ерменскте бунтовници и ги натераа на капитулација.

Егзодус на Ерменците од енклавата

По последнта војна од 2020 година, по која Азербејџанците, со силна воена и политичка подршка од Турција и со руско премолчено одобрување, отцепената енклава, која никој не ја има признено, дури ни Ерменија, загуби повеќе од половината од територијата на Нагорно Карабах, каде после тоа останаа да живеат околу 120 илјади етнчки Ерменци.

Но, после новата офанзива на азербејџаските сили, од минатиот месец, владата во Баку воспостави целосна контрола врз еклавата. По тоа, уследи масовно иселување и бегство на ерменското населени во Ерменија, што е се уште во тек, кое европските медиуми го означуваат како егзодус.

Властите во Азербејџан  порачуваат дека нема потреба луѓето да се иселуваат од своите домови и дека може да останат, како ерменско малцинство во Азербејџан.

Во Еревен, не веруваат во тоа и ги примаат на својата територија сите кои забрзено бегаат од Нагорно Карабах.

Над 100 илјади бегалци

Бегалците тврдат дека  доколку  останат ќе бидат изложени на азербејџанскиот терор и дека може да бидат убиени. Ерменската влада, која домашната  националистичка опозиција ја обвинува за „капитуланство“ , ја потпалува  атмосферата, уште и обвинувајќи го Баку дека спроведува политика на етничко чистење, што азербејџанската страна го отфрла.

Како и да е, според ерменските власти, на територијата на Ерменија досега се влезени преку 100 илјади бегалци од Нагорно Карабах од вкупно, 120 илјади еременско население. Проценка  во Ереван е дека до крајот на годинава, во енклавата нема да остане ниту еден етнички Ерменец.

Сите влегуваат на ерменска територија преку единствениот коридор- мостот Хакари што ги поврзува Нагорно Карабах со Ерменија. Но, сето тоа се одвива мошне бавно , со неколку денови чекање, затоа што станува збор  за планински пат, исполнет со бројни кривини и со мала проодност,  која се компликува затоа што голем број возила, наеднаш се упатуваат на патот.

Капитулација на бунтовниците

Одбивањето на луѓето од енклавата да останат во неа, доаѓа откако претседателот на самопрогласената “Република Нагорно Карабах“ потпиша декрет со кој се распуштаат  сите институции во енклавата, што треба да стапи на сила од 1 јнуари 2024 година.

На тој начин и формално престанува да постои Нагорно Карабах, како посебна и отцепена територија и воопто како ерменска енклава која не ја почитува власта на државата Азербејџан.

До ваков брз расплет на 30 годишнитот воен конфликт дојде по последната офанзива на Азербејџанците од 18 септември која , мешутоа, овој пат траеше само 24 часа.  После тој репк борбите престанаа , во договор со локалните Ерменци кои се согласија да го одложат оружјето и да почнат преговори за реинтегација на територијата во Азербејџан.

Историски спор

На овој начин сс стави точка на – како што велат во Баку- три деценискиот грабеж на азербејџанската територија- за да се обезбеди траен мир во регионот на поткавказието , со разоружување на „незаконските вооружени формации кои дејствуваа на територијата на Нагорно Карабах.

Во оваа област повеќе од 100 години живеат Ерменци кои се христијани , непријателски настроени кон Азерите кои се муслимани.

Историјата зборува за нивната долга недоверба и меѓусебната нетрпеливост , исполнета  и со меѓусебни протерувања, за да се обезбедува етнички чиста територија.

Ситуацијата беше напрегната уште во советско време, а стана запалива по распадот на СССР. Кога двете соседни “братски републики“ станаа незвисни држави  го понесоа со себе и историскиот спор за тоа чиј треба да биде Нагорно Карабах, што веднаш предизвика војна.

(Е.Б.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе