Еротски фотки со А.I. од украдени фотоси од Инстаграм
Триесетина тинејџерки во Шпанија, на мобилните телефони, имаат добиено СВОИ разголени фотографии, иако никогаш и никаде не позирале, а ниту се сликале разголени.
Сите фотки се FAKE, лажни и се создадени со користењето на А.I. – вештачка интелигенција – технологијата , при што оние кои ги имаат направено ги имаат укаредно фотографиите од Инстаграм, каде девојките ги поставувувале на своите профили на оваа социјална мрежа.
Ниту една од нив не е еротска и меѓу нив нема разголени фотографии. Станува збор за најобични слики од секојдневието на тинејџерките.
Технологијата побрза од законите
Случајот се означува како криминал кој предизвикал шок и бранување во малото гратче на југот од Шпанија, каде живеат тинејџерките, но и збунетост на правосудните органи околу тоа како да го квалификуваат кривичното дело што според нив е очигледно, како и тоа кој би требало да биде гонет за делото.
Едноставно, очигледно е дека високата технологија се развива многу побрзо, отколку што правосудството и кривичното законодавство може да го следат и да се прилагодуваат на новото време.
Снимките што тинејџерките ги примале се направени со Deepfake програмот на интернет – за креирање лажни слики и лажни зборови ( кој не се изговорени и не се употребувани), која од порано постои, која не се смета за нелегална, па затоа и не се санкционира.
Не се знае како да се реагира
Затоа, според шпанските медиуми , полицијата и обвинителствата се соочуваат со криминал за кој ( засега) не можат да реагираат..
Родителите на младите девојки, меѓутоа, не мислат така и тие бараат од властите да реагираат и да ја заштитат луѓето од вакви ситуации , особено што не е ретко, делови од јавноста да не прифаќаат дека станува збор за лажни фотографии, правени со помош на вештачката интелигенција, туку дека станува збор за изговори.
Сето ова ја отвора, одново, трмата за вештачката интелигенција и за користењето на А.I. , како прашањето – што и како со оваа технологија. Односно колку и до каде таа би можела да се користи.
Блокада на А.I. истражувањата ?
Едни се воодушевуваат од вештачкта технологија и од бројните предности што таа би можела да ги понуди. Други пак, кои ги знаат сите нејзини можности не зборуваат со воодушевување. Меѓу нив има и научници кои биле вклучени во нејзиното создавање и развој. Тие предупредуваат дека работите со развојот на А.I. веќе се отидени предалеку.
Според нив, може да биде многу опасно за човечкиот род, доколку светот брзо не реагира и не ја стави оваа технолигија под своја контрола.
Она што за почеток се почесто се бара е ставањето блокада на натамошните истражувања. Барем додека човекот не најде начин како да ја контролира вештачката интелигенција.