Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

За проширувањето на ЕУ ќе требаат 256 милијарди евра

За проширувањето на ЕУ ќе требаат 256 милијарди евра

Непосредно пред одржувањето на третиот по ред Самит на Европската политичка заедница, во Толедо, во Шпанија, во некои европски медиуми се појавија проценки колку пари би чинело проширувањето на ЕУ, кое како сега стојат работите, веќе станува извесна работа.

Лондонски „Гардијан“- весник близок на британските лабуристи, кој уште во времето пред Брегзит беше наклонет кон ширењето на Унијата кон Западен Балкан- пишува дека земјите членки , проширувањето со девет земји кандидати, ќе ги чини 256 милијарди евра.

Ваквата проценка, весникот ја изнесува повикувајќи се на „некои внатрешни проценки“ во Брисел, иако не открива детали за тоа како е дојдено до оваа бројка.

Ургентна тема

Главната последица од целата операција за прием на нови членки е тоа што многу од државите кои сега примаат финансиска помош од Унијата, за својот позабрзан развој, ќе ја загубат таа привилегувана положба , па наместо примачи на помош и тие  ќе треба да партиципираат во фонцот за проширувањето.

Сите држави во ЕУ ( сега 27) ќе морраат да уплаќаат повеќе во европскиот буџет, а да примаат помалку од досега.

Украина, на пример,  која е далеку најголема земја со своите околу 40 милиони жители, само таа би можела да повлече  од ЕУ буџетот 186 милијарди, што е сепак помалку од парите кои ЕУ ги има определено за обнова на земјата од војната, што само за оваа година изнесуваат 400 милијарди евра.

Проширувањето кое со години изгледаше како  декларативна определба на Брисел и на Унијата, сега стана ургентна тема.

Буџеттот главно прашање

За тоа голема заслуга имаат Русија и нејзината брутална  инвазија врз соседна Украина, како и се по агресивното настапување на Кина, која преку земји од Западен Балкан и некои членки на ЕУ, на мала врата, навлегува во Европа. Самитот во Толедо, што во првиот ден беше посветен на мирот и безбедноста на континентот, на  вториот ден беше посветен на проширувањето и на конкретните прашања за тоа како да тече целиот процес.

Станува збор за висината на буџетот ( со новите членки) на бројот на пратениците во Европскиот Парламент, на иднината на заедничката аграрна политика, како и за тоа дали ЕУ, проширена со земјите од Западен Балкан и со Молдавија и Украина, би можела главните одлуки даноси едногласно, како сега, со можноста да се употребува ветото на некоја од земјите членки.

Се смета дека се уште не е расчистено ни прашањето за пополнување на ЕУ со нови членки во две фази, или да се одвива по принципот- се или ништо. Шарл Мишел ја отвори дебатата инсистирајќи дека ЕУ треба да биде спремна да прими нови членки до 2030 година, што (погрешно) се разбра дека до тогаш сите кандидати станат дел од ЕУ, дури и една Украина.

Разрешување до 2027 година

На тоа реагираше Европската комисија со толкување дека не треба да се очекува групно влегување на сите, како што тоа се случи  во мај 2004 година, туку по принципот која земја- кандидат  ќе биде спремна за влез.

Од порано, шефот на европската дипломатија Јосеп Борел се спротивстави и на т.н. влез во две брзини, инсистирајќи дека тоа е тешко да се применува и дека членството е членство, па околу тоа не може да се прават разлики.

Како и да е , извор на „Гардијан“ му има релено дека најспорното прашање на проширувањето ќе биде буџетот на ЕУ и дека тоа треба да се разреши до 2027 година, односно до следниот финансиски циклус. На тој начин , ЕУ ќе може да покаже дека таа е спремна за проширување и дека тогаш ќе нема можност за изговори и за нови објаснувања.

Сите ќе издвојуваат повеќе пари

Затоа, буџетот станува клучната тема за која ќе се расправа следните години. Се смета дека тој би требало да биде зголемен за 21 отсто и да изнесува 1470 милијарди евра- доколку се приклушат сите девет земји како што пишува лондонскиот весник.

Тоа значи дека една Германија, или Франција и Холандија би требале да издвојуваат повеќе пари, за т.н. транзициски период на земјите пристапници.

Со финансикото реформирање би бил опфатен и фондот од кој се црпат пари за инфраструктурата во помалку развиените земји.  И овој фонд би бил погоден со проширувањето- па според сегашната формула, Чешка, Естонија, Литванија, Словенија, Кипар и Малта  не би можеле повеќе да партиципираат за извлекување пари од овој фонд на ЕУ.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе