Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Трамп го направи Орбан лидер на Турција

Трамп го направи Орбан лидер на Турција

Низа гафови и промашувања има направено Доналд Трамп, на неколку свои јавни настапи пред Американците кои го подржуваат , на митинзи на кои  настојува да ги убеди дека токму тој е доволно ментално свеж, способен и се уште млад да го замени –  како што постојано зборува- „остарениот, изматуфен, изгубен со разумот“ актуелен претседател Џо Бајден.

Разликата во годините  меѓу нив двајцата, е сосема мала и е помалку од  четири години , но Трамп, немајќи посилни аргументи , единствената карта на која (засега) игра е да го дисквалификува- здравствено и ментално- Бајден, иако како по обичај не нуди никаков доказ. Освен тврдејќи дека – народски кажано- претседателот на САД- „не знае што зборува“.

Унгарецот како модел

Американските и европските медиуми, дури и оние кои обично не го критикуваат, меѓутоа , откриваат дека во последно време Трамп често прави гафови, какви Бајден, на пример, нема направено во текот на своите бројни обраќања во Америка и низ светот.

Не станува збор за маргинални  работи, или за работи  врзани за неговата десничарска , популистичка идеологија и зад расизмот кој едвај успева да го сокрие, туку  за факти кои би требало да ги знае и да ги познава- кога веќе ги споменува на јавни настапи и кога има намера да се враќа во Белата куќа.

Како на пример – кој е и од каде е еден Виктор Орбан- кого  им го нудел на своите Американци како позитивен модел од странство.

Гафови и грешки

Но, според медиумски извештаи, на митинг пред симпатизерите, Трамп тешко погрешил кога унгарскиот десничар, националист и антиевропеец,  го заменил со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. И едниот и другиот, инаку,  владетели- деспоти, какви што Трамп покажа дека сака , за време на својот претседателски мандат  меѓу 2016 и 2020 година.

„Има еден човек- Виктор Орбан се вика“- рекол претендентот за претседател, прашувајќи ги насобраните луѓе- дали слушнале за него. Недобивајќи (нормално) одговор, Трамп продолжил – „Тој е еден од најсилните лидери, било каде во светот. Тој е лидер на Турција„- гордо и полн со себе, порачал американскиот милијардер кој сака (одново) да биде и политичар, на митинг во градот Дери во сојузната држава Њу Хемпшир.

Унгарецот Орбан е силник  во својата земја, пријател и сојузник е на Владимор Путин ( уште еден деспот) и работи за разбивање на единството на ЕУ- за потребите на рускиот претседател и за американскиот претендент, но сигурно е дека не е, ниту ќе биде најсилен лидер- каков нема во светот.

Дисквалификување на Бајден

Затоа, во еден момент, луѓето околу Трамп помислиле дека зборува и мисли за Ердоган кој  има моќ и надвор од границите на Турција, отако над 20 години султански владее со земјата.

Сепак, дискретно му укажале на Трамп дека во случајов греши, па тој понатаму повтарал дека Орбан е – „шеф на државата Унгарија, дека таму тој прави многу добри работи- токму онака како што треба“.

Некои американски медиуми оценуваат дека уште поголем гаф и промашување е кога Трамп го исмева Бајден дека е „когнитивно оштетен“  и во исто време самиот се однесува како „оштетено“.Особено, кога го критикува Бајден  дека – „таков каков што е сегашниот претседател на САД може земјата и Американците да ја „вовлече во Втора светска војна“. Треба да се претпостави дека Трамп мислел на трета светска војна, повторувајќи го притоа гафот на неколку пати.

Овој  пат никој да го поправил , па го оставиле да си зборува – токму како излапен, стар човек кој ги меша појмовите и зборовите.

Побркани локации

Дури и проториевскиот лондонски „Дејли Меил“ кој идеолошки им е наклонет на американските републиканци и кој пишува за сите гафови на Трамп, па  настојува да открие што се случува со него- го изнесува инцидентот кога овој ги побркал градовите каде  го држел говорот.

Така се случило погрешно и тоа повеќе пати кога градот Сијукс Сити, каде што зборувал, да го нарекува Сијукс Фолсон. Градот каде Трамп бил во посета се наоѓа  во сојузната држава Ајова, додека другиот град е во Јужна Дакота.

Ваквите инциденти се повод, дел од медиумите,меѓу кои има и прорепубликански, да го критикуваат неговото арогантно однесување и навредливото дисквалификување на Џо Бајден за тоа дека е ментално неспособен да биде претседател . Во исто време кога има  направено серија гафови и промашувања- да не знаеш што зборуваш и каде се наоѓаш.

(В.А.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе