Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Претседателката на српски РЕМ во нацистичка униформа

Претседателката на српски РЕМ во нацистичка униформа

Претседателката на регулаторниот совет за електронски медиуми (РЕМ) на Србија , Оливера Зекиќ предизвика бранување во српската јавност, откако на нејзиниот профил на „Телеграм“ се појави нејзина фотографија- портрет, облечена во нацистичка униформа.

Станува збор за униформа на офицер на  злогласните ЅЅ  единици , познати од историјата  и како  Јуришни одреди, кои првично се создадени за да бидат гарда на нацистичкиот фирер Адолф Хитлер.

Во целиот овој  инцидент најинтригантско е тоа што оваа очигледна фото- монтажа е направена – не за да и се напакости на Зекиќ, затоа што фотографијата е  нејзина креација која таа самата и своеволно ја има поставено на својот профил.

Во функција на власта

Критичарите на ваквиот нејзин потег веруваат дека тоа го има направено за да покаже колку е „арогантна, страшна и моќна“, што би тебало да се поврзе за нејзината функција и да претставува нејзин одговор на  острите критики кои постојано и се упатуваат од српската проевропска опозиција , за тоа како работи телото со кое таа раководи.

Советот на РЕМ наместо независно тело, се означува како орган на власта кој е директно во функција на владеачката партија СНС. Во Белград  се верува дека регулаторниотр совет е под контролата на партијата и на власта , од каде   не се дозволува во медиумскиот простор да има и независни телевизиски станици, со лиценца за емитување на целата територија на државата.

Тоа право во Србија го имаат само јавниот РТС сервис и неколку приватните ТВ канали во функција на власта, на кои шефот на државата единстено се појавува. Но, тие од власта се користат  и за груба политичка пропаганда, како и за јавно дисквалификување на опозицијата, посебно на проевропската, која се залага за европска, демократска и либерална Србија Сите опозициски политички лидери се означуваат само како „криминалци“, или како западни „шпиони“.

Затруена медиумска атмосфера

Во сите извештаи на Европската комисија се критикува отсуството на било каков напредок на Србија во медиумската  слободи  и поради затворениот (за демокатската опозиција) медиумски простор, на кој нема место за популарните и гледани ТВ канали кои во домашната јавноста се означуваат како „единствено објективни“.

Во таквата медиумска атмосфера, Зекиќ и нејзниот Совет се означени и како сопирачка за демократските промени во Србија кои ги баара јавноста, на што таа најчесто не реагира. Реакцијата им ја препушта на  министри во владата, на се уште актуелната премиерка и на самиот претседател на државата. Тие се пресметуваат со критичарите и создаваат  подлабоки поделби во општествто,  со нивните арогантни настапи.

Претседателката на Советот за слобода на (електронските) медиуми сега, после нацистичкиот портрет се обвинува за „промовирање на нацизмот“ и за тоа се бара покренување постапка од страна на Обвинителството и нејзина одговорност. Дури и да се случи тоа и нејзината постапка да се санкционира- би требало да плати казна меѓу 40 и 430 евра.

Во униформата на Хајдрих

„Го направив тоа  од чиста провокација. Сакам да провоцирам“- има Зекиќ изјавено за Радио Слодна Европа (РСЕ). Нејзини критичари, пак, имаат изјавено дека не е во прашање провокација, туку дека  таа „така себе си се гледа и се доживува“.

Како и да е, сето ова се случува непосредно пред предвремените парламентарни и локални избори и во екот на жестоката предизборна кампања,  која се верува треба да ги насочи гласачите како да се одлучат- за балканска Србија, под контролата на една партија и нејзиниот лидер, или за  вистински демократска и европска.

Во случајот на Зекиќ, во Белград велат дека добро се   познати нејзините антиевропски ставови. Кога Европскиот Парламент има донесено една резолуција со критики за состојбата со медиумите во Србија, таа има речено дека парламентарците во Стразбур се – “обични белосветски хохштаплери“.

Нацистичката фотографија на која е ставена главата на Зекиќ, е  утврдено дека е  земена од потретот на Рајнхард Хајдрих, еден од авторите на нацистичкото „конечно решение“ за ликвидација на Евреите во Европа, во текот на Втората светска војна.

(Д.Б.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе