Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Докторот за синооки Марсовци

Докторот за синооки Марсовци

Десетина денови по вонредните парламентарни и локални избори,  Србија и Белград продожуваат да живеатв во услови на политичка криза, која секојдневно изгледа дека се продлабочува, после гневната  реакција на опозицијата, но и на гражаните непартиски врзани,  за нефер и недемократски организираните и нерегуларни  избори.

Тоа посебно се однесува на Белград каде опозициниерите имаат силни докази за- како што велат- бројни нерегуларности и манипулации,  за   украдената изборната победа, како и за чувството на гласачите дека се измамени.

Веднаш  по соопштувањето на првите резултати , според кои власта извојувала победа  на држвано и локално ниво, српскиот главен град се „крена на нозе“ покренувајќи  некакво ново  „случување на народот“ или на „шарена револуција“ .

„Увезени“ гласачи од соседството

Секојдневните протести  ги покрена партијата Србија против насилството (СПН), со своите коалициски партнери, барајќи поништување на изборите и детален увид во избирачките списоци, каде се тврди дека власта ја има изведено изборната измама- со носење на гласачи од соседните држави, за да гласаат за одборници во белградската градска управа. Бегајќи, притоа, од тоа да бидат обвинувани дека сакаат да изведат преврат во Србија, по углед на случувањата во Украина од пред девет години.

Од нив , затоа, нема никакви политички барања , освен прегласување , пред се во Белград и спроведување независна проверка на тоа кој  каде гласал, за да се откријат дојденците од БиХ , од Црна Гора , па и од Хрватска.

Власта, меѓутоа,  настојува да се продлабочи кризата со  обвинувања за   „странско мешање“ и за тоа дека демонстрантите од  СПН се „платеници од Западот“ .  Владеачката партија СНС на Александар Вучиќ забрзано настојува да најде партнер за да може да се конституира новата власт во главниот град и на тој начин  да се одбегне прегласувањето и да се смират протестите.

Против опозицијата

Во крајно неединствената опозиција, се бара можната „слаба точка“, па во сегашната распределба на силите во постизборието , како главен кандидат за таа улога  наеднаш се јавува маргиналното движење на Бранимир Несторовиќ.

Овој човек без политичко искуство, инаку  лекар по професија,  со набрзина  создаденото движење ,  стана „кинг мејкер “  за локалната власт во Белград. Со резултатите кои се познати , неговото приклонување  кон владеачкиот блок може да обезбеди продолжување на владеењето на СНС- без прегласување.

Белградските медиуми пишуваат дека неискусниот доктор, брзо покажа дека не е толку неопитен кога станува збор за постизборното пазарење за добивање дел пд власта во  Белград.

На почетокот најави дека нема да коалицира со никого, за да набрзо потоа порача дека „ нема да се поврзува со опозицијата“ обвинувајќи ја дека создава криза за „српски Мајдан“ , за да  веднаш по тоа, изјави  дека ако опозицијата тргне со „насилство против власта“ тој и неговите ќе ја бранат власта.

Доктор анти-ваксер

Опозициските весници , во меѓувреме, открија дека неговите луѓе кои добија мандат, веќе се пазарат за пари .Снимен е еден таков разговор во кој еден од докторовите одборници признава дека има побарано пари- во странска валута- со шест цифри.

На тоа Несторовиќ има објаснето дека секој од неговите може самиот да се определи, без тој да им се натура со единствен став , што само по себе се смета како призание за политиканските игри на докторот кои, инаку,  им се блиски и познати  на власта.

Во Белград сега се потсетува кој е Несторовиќ , па во опозициските гласила се опишува како „доктор хаос“, запален теоретичар за разни заговори (во и околу Србија) , но и за во светот, како и страствен антиваксер. Сето тоа завиено дека се критикуваат мерките на владата.

Велат дека има многу луѓе убедено да не се вакцинираат во време на пандемијата, прикажувајќи го корона вирусот како „смешна и надуена работа за плашење луѓе“. Нудејќи наместо вакцини некакви алтернативни лекови кои инаку –  не лекуваат.

Човек близок до власта

Најмногу, сепак, го исмеваат за неговата „научна теорија“ дека сите луѓе кои имаат сини, или  зеленкасти очи- се дојдени од планетата Марс, односно дека имаат „марсовско потекло“.

За некои аналитичари -сите овие будалести работи- сепак , не се будалски, туку дека се добро смислени за да го прифати  оној дел од општеството во Србија кои (најверојатно) гласале за неговото движење и за да се стекне со популарност во земјата. Тој , затоа, не е непознат во српската јавност, особено што сите овие работи  ги има зборувано на двата телевизиски канали со национална фрекфенција , на кои инаку редовно гостува и српскиот претседател- обраќајки и се на домашната јавност.

Затоа има мислење дека успехот на докторот Несторовиќ не е изненадување, бидејќи постои сомнеж дека можеби на неговото движење му биле префрлени (од владеачкиот блок) дел од белградските гласови, за да го исполни цензусот, пред некои други (досега) познати партии кои сега се пред исчезнување.

Уште повеќе што тој со своето однесување делува како човек блиску до  власта- кога треба да се обвинува опозицијата, за „украинското сценарио“, да се прикажува Косово како „српска земја“ и да се чува братството со путинова Русија. Изборниот успех, докторот и неговото движење го имаат прославено пеејќи ја  руската песна „Каќуша“.

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе