Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Таткото-монструм сака во дом за стари лица

Таткото-монструм сака во дом за стари лица

Јозеф Фрицл, кој 24 години ја држеше во заточеништво својата ќерка, присилувајќи ја на сексуални односи, од што се родени седум деца, побарал од австриските власти -од затвор, да биде преселен во дом за стари лица.

Човекот кого медиумите и јавноста го означија како- таткото монструм- сега има 88 години и неговото барање судот ќе мора да го разгледа . Неговата адвокатка Астрид Вагнер има речено дека тој е заболен од деменција и веќе не претставува закана за општеството и за тоа ги има понудено последните психијатриски наоди.

Половина живот во заточеништво

Во 2009 година, овој некогашен електро-инжинер беше осуден на доживотен затвор  за- силување, за инцест и за чување во заточеништва на својата ќерка Елизабет Фрицл и на децата на кои тој им е татко. Едно од нив е починато , затоа што од страв дека ќе биде откриено злосторството што го има направено, не барал на време лекарска помош, па во обвинувањето и во казната е ставена и смрта на детето.

Случајот предизвика шок во Австрија, но и во Европа и во светот, кога ќерката  , успеа да побегне од изградениот и уреден бункер во подрумот на нивната семејна куќа и на полицијата да и ја раскаже својата трагична судбина и сето она што речиси четврт век морала да го поднесува.

Тогаш имаше 42 години, а повеќе од половина од својот живот морала да го поднесува заточеништвото  и постојаното силување од страна на нејзиниот татко. Во сведочењето на полицијата таа им открила дека сексулното злоставување од таткото започнало уште додека била девојче на 11 години.

Случано откриено злосторство

Сите тие години, таткото Јозеф,  на соседите и на родителите им зборувал дека неговата ќерка побегнала од дома, за да и се приклучи на некоја верска секта.

Злосторството беше откриено случајно- кога едно од децата сериозно се разболело, па Фрицил морал да го однесе во болница.

Лекарите, меѓутоа, побарале да ја видат и мајката, а таткото-монструм исплашен дека ако одбие може да се открие она што и го правел на својата ќерка, се согласил да ја извади од бункерот, а таа користејќи ја ситуацијата- веднаш побегнала, барајќи заштита во најблиската полициска станица.

Ваквиот злосторник сега се наоѓа во строго обезбедуваниот затвор во местото Кремс, во одделот за ментално болни затвореници.

Јавноста е против помилување

Додека се чека на одлуката на судот, во австриската јавност е покрената тревога- со гневна реакција на луѓето дека таткото-монструм во никој случај не би смеело да го напушти затворот во кој се наоѓа од 2009 година- веќе 14 години.

Во реакциите во јавноста се вели дека евентуалниот позитивен  одговор на  барањето на Фрицл и неговата адвокатка би претставувало како помилување и заборавање на злосторството што го има направено врз сопствената ќерка.

Се инсистира дека еден ваков човек не би смеело да се префрли во некаков  удобен дом за стари лица, за да ги живее последните години од животот уште и на трошок на австриските даночни обврзници.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе