Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Иконата на Сталин извадена од црква

Иконата на Сталин извадена од црква

Иконата на која е прикажан Јосиф Висарионович Сталин- поранешен советски лидер и комунистички диктатор- како свето лице додека се среќава со  рускa православna  светица- е тргната од Соборната црква  во Тбилиси,  главниот град на Грузија.

Во соопштението на Грузиската православна црква се вели дека иконата била тргната- за да се преправи- затоа што- „ нема никаков доказ дека Сталин и руската светица било кога се сретнале„.

Иконата ќе се прецртува

Високи грузиски црковнодостојници, како и владеачката ( проруска партија) веднаш ја имаат осудено ваквата одлука.

Но, патријаршијата  на црквата во Грузија објаснува дека „иконите  мора да прикажуваат некаква вистинска сторија“, па дека затоа оваа, насликана со Сталин и руската светица,  ќе мора да се преправи.

Патријаршијата во своето соопштението уште ги повикува донаторите, самите да ја изменат иконата, за да не се случи тоа да го направи црквата.

Голем број Грузинци – без разлика што Сталин е роден во Грузија и е Грузинец по потекло- ја критикуваа црквата што воопшто дозволила една ваква икона да се најде во Соборната црква во Тбилиси.

Диктаторот како светец

Иако Сталин кога бил млад, се подготвувал да стане свештеник, во историјата е повеќе познат по тоа што има уривано цркви и храмови низ СССР, во времето на неговото диктаторско владеење, прогонувано и убивано свештеници, како и милиони руски (советски) граѓани- најчесто невино обвинувани- дека се странски шпиони и дека работат против новата, комунистичка држава.

Иконата во црквата Света Троица, во главниот грузиски град,  прикажува сцена од животот на Света Матрона-Московска, руска видовита жена и исцелителка, од 20 век, која во деведесетите години била канонизирана како светица. На иконата, во еден дел, е прикажано како оваа православна светица го канонизира  Сталин.

Целиот случај, се смета дека, сепак, има повеќе политички, отколку верско-религиозен карактер и е одраз на длабоката поделба во грузиското општество и политика-  со проруската влада и  прозападниот, проевропски претседател.

Две руски инвазии врз Грузија

Грузијците во поголемиот број се гневни на Русија, затоа што на два пати-  откако оваа поранешна советска република,  по распадот на СССР стана независни држави, беше жртва на руска инвазија врз делови од грузиската територија. Претворајќи делови од Грузија во свои вазални територии- признавајќи ги и како независни држави.

Првиот пат тоа беше во 1992 година, кога беше грабната Абхазија, а вториот пат, во летото 2008 година, кога беше приграбена и Јужна Осетија ( Северниот дел од оваа територија е дел од Русија).

И во двата случаи Москва сето тоа го оправдуваше со наводната  „заштита на руското население“ и иа оние кои зборуваат руски јазик, а не сакаат да живеат во независна Грузија. Станува збор за измислена приказна која сега се користи за оправдување на окупацијата и анексијата на делови од Украина.

Јосиф Висарионович и покрај дваесете милиони ликвидирани лица, со неговото сурово владеење – и натаму е најпопуларната историска личност во денешна Русија.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе