Лондон- најбавен град во светот
Главниот град на Велика Британија- Лондон е прогласен за најбавниот град (за движење со автомобил) во светот за 2023 година, врз основа на параметрите од индексот на TomTom Traffic, што се определува секоја година.
Земена е дестинација од 10 км. која се смета како типична за градско возење и за таа одалеченост во претходната година биле потребни- 37 минути и 20 секунди.
Во споредба со 2022 година тоа е една минута повеќе, а во споредба со 2021 изнесува над две минути повеќе.
Тоа покажува дека Лондон е силно закрчен град за градско возење , потоа дека е бавен за вакво патување и дека трендот за раст на забавувањето, постојано се зголемува, после благото „олабавување“ забележано во годините на пандемијата со корона вирусот.
Даблин, Торонто, Милано
Ситуацијата за возачите кои секој ден патуваат ( возат) 10 км. наутро и 1о км. навечер, или доцна попладне, во т.н. „шпиц време“ – станува уште полоша од просекот за сообраќајниот метеж во градот.
Овие возачи кои мораат два пати во денот да минуваат една ваква дестинација- во време кога метежот е голем- мораат да поминат- еден час и 28 минути во возење секој ден, губејќи секојдневно по над 38 минути, затоа што патуваат (возат) во време на густ сообраќаен метеж.
Според ТомТом индексот, на второ место по бавноста е рангиран Даблин, главниот град на Република Ирска, на трето се наоѓа Торонто, во Канада, а во првата петорка се сместени уште и Милано, најголемиот град во северна Италија, како и главниот град на Перу- Лима.
Без брзи сообраќајници
Во Даблин , на пример, дестинацијата од 10 км. се минува за 29 минути и 30 секунди. Во Торонто за тоа се потребни рамно 29 минути, во Милан0 – 28,50 минути, а во Лима- 28 минути и 30 секунди. Во овие четири градови, возачите во просек, губат по една минута на секој километар.
Кога станува збор за Лондон, британскиот главен град е најбавен во светот и во оптимални услови на сообраќајот – како на пример во текот на ноќта- кога сообраќајот е послаб и кога би изгледало дека може да се вози многу побрзо.
Во овој град, меѓутоа, и тогаш , во такви услови, се потребни барем 25 минути за да се поминат 10 км. Тоа значи дека сообраќајот низ градот им одзема на лондонските возачи по над 12 минути на секои поминати десет километри.
Токио далеку пред Лондон
Лондон на овој начин, прилично заостанува зад другите големи градови во светот. Се смета затоа што има многу малку брзи сообраќајници, надвозници и подвозници, во споредба со сообраќајниците и патната мрежа какви, на пример, имаат најголемиот број од американските градови, или оние во Азија, а пред сите- во Јапонија.
Во Токио, на пример, за возење 10 км. се потребни 18,50 минути, или дури 19,30 минути помалку, во споредба со британскиот главен град. Притоа, во Токио возачите губат само шест минути, поради сообраќајниот метеж, односно за половина помалку отколку во Лондон.
Истражувањето на ТомТом е направено за 387 градови во светот.