Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Принцезата Кејт на закрепнување до Велигден

Принцезата Кејт на закрепнување до Велигден

Кејт Мидлтон, сопруга на британскиот  престолонаследник и принцеза од Велс, ја напушти болницата во Лондон , откако две недели беше на лекување после хирушката интервенција на абдоменот.

Официјалната резиденција на принцот Вилијам и на неговата сопруга- Кенсингтонската палата- соопшти дека принцезата директо од болницата заминала во замокот Виндзор, југозападно од Лондон, каде ќе остане на постоперативен опоравок.

Од приватната болница „Прајват Клиник“ Кејт била префрлена дома, без притоа јавно да се појави, ниту пак да се огласи.

Сопругот , принцот од Велс, само има испратено писмо со благодарност до лекарите и до медицинскиот персонал на оваа угледна болница во британскиот главен град, за се она што тие имаат направени за здравјето на неговата сопруга.

Но, и овој пат- ниту принцот, ниту кралското семејство –  се немаат огласено со објаснување за природата на  хирушката операција, односно за причината за итната интервенција , поради што во домашната јавност продолжуваат нагаѓањата за болеста на популарната принцеза.

Единствено што беше соопштено, уште кога таа беше примена во болницата, е дека не станува збор за канцер.

По пристигнувањето во Виндзор, медиумите објавија дека Кејт Мидлтон ќе остане на опоравување и без појавување во јавноста подолго време. Се верува дека тоа ќе трае се до Велигденските празници

Додека беше во болницата, таа во изминатите две недели била посетена од сопругот Вилијам и  од неговиот татко- кралот Чарлс, пред и самиот да биде подложен на хирушки зафат  поради бенигното зголемување на простатата. Тој  и принцезата Кејт беа на лекување  во истата приватна болница.

Британскиот крал, во меѓувреме, беше и самиот отпуштен од болницата по интервенцијата и за разлика од неговата снаа, тој на заминување се појави за да ги поздрави новинарите, пред да замине во својата резиденција.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе