Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Арсенал од оружје во куќата на Ален Делон

Арсенал од оружје во куќата на Ален Делон

Француската полиција  изврши претрес во куќата на прославениот француски актер од постарата генерација Ален Делон и заплени 72 парчиза разно огнено оружје и над три илјади куршуми и друга муниција. Во куќата , во местото Души Монткорбан , 135 км. јужно од Париз, полицијата открила и уреден полигон за стрелање.

Во соопштението  се вели дека Делон немал дозвола , ниту пак било кога побарал дозвола за поседување оружје. Уште повеќе за едно вака големо количество.

Ален Делон кој сега има 88 години е позната ѕвезда од „златното време“ на францускиот филм , познат по настапите во над стотина филмови. Но, сепак, најмногу ќе се памети  по улогите во цела низа криминалистички филмови.

Анонимна пријава

Претресот во неговиот дом, бил направен по анонимна пријава до полицијата и обвинителството – дека во куќата на актерот има „скриено оружје“ . Властите сега признаваат дека не очекувале дека се соочат со, без малку, вистински арсенал.

Делон веќе  подолго време не снима филмови, уште од крајот на деведесетите години на 20 век, а пет годни се нема појавено во јавноста откако се разбра дека во 2019 година има претрпено мозочен удар , кој потоа има предизвикано други здравствени компликации.

Според некои француски медиуми неговата здравствена состојба е прилично тешка и дека тој (наводно) само „вегетира“, одржуван во живот со помош на медицински апарати.

Неговите три деца од два брака , меѓутоа, направија вистинска претстава со своите меѓусебни расправии и со судските постапаки- што ги покренуваат едни притив други- поврзани со здравствената состојба на нивниот татко.

Актерот под судска заштита

Поради тоа, на крајот на јануари, со одлука на обвинителството, Делон беше ставен под судска заштита. Односно, судот назначи правен застапник, за неговиот имот и за сите правни работи, а потоа и медицинска придружба- додека трае судирот на неговите деца.

Делон има син (сега на 60 години)  од првиот брак со француската актерка Натали Делон, како и син и ќерка од бракот со втората сопруга. Спорови водат првиот син со своите полусестра и полубрат околу тоа каква е вистинската здравствена состојба на нивниот татко.

Ален Делон последен пат се има појавено во јавноста во 2019 годона, на фестивалот во Кан, кога ја прими специјалната „Златна палма“  за неговиот вкупен придонес за францускиот филм. Таа година тој присуствуваше и на погребот на неговиот колега и близок пријател актерот Жан Пол Белмондо.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе