Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Хрватска : Претседателот сака да биде премиер

Хрватска : Претседателот сака да биде премиер

Одлуката на Зоран Милановиќ , како актуелен претседател на Хрватска , на распишаните избори  да се кандидира- за нов премиер-без притоа да се повлече од сегашната функција- успеа да го зголеми рејтингот на опозициската, досега „бескрвна“ Социјал-демократска партија.

Рејтингот на оваа партија чиј лидер беше во еден период, со која беше и социјал-демократски премиер, велат дека сега е  дури девет отсто повисок. Но, потегот на Милановиќ кој  самоуверено тврди дека  тој ќе биде идниот премиер,  предизвика  и силно бранување во хрватската политика- како ретко кога досега.

Спротивно на Уставот

Владеачката десно-центристичка парија ХДЗ и премиерот Андреј Пленковиќ го обвинуваат шефот на дражавата дека предизвикува удар врз политичкиот систем и дека  се однесува надвор од Уставот, како и дека неговата постапка е своевиден „претседателски пуч“.

Владата, затоа,  побара  мислење и толкување за целата ситуација од Уставниот суд.

Милановиќ, меѓутоа, арогантно порача  дека „нема да го почитува решението на судот“ , откако уставните судии пресудија дека претседателот на државата не може да се кандидира и да учествува на изборите- борејќи се за премиерската позиција- а во исто време да биде и хрватски претседатател.

Објаснувањето е дека шефот на државата е надпартиска личност и треба таков и да остане . Тој,  меѓутоа, инсистира дека нема да го измени својот став, обвинувајќи ги уставните судии за „партиска припадност“ и означувајќи ја пресудата како „неуставна“.

„Претседателски пуч“

Реагираше и Државната изборна комисија која побара воздржаност од сите , но високите тензии останаа, откако во тоа се вклучи опозицијата која наеднаш гледа шанса да се врати на власт, по долго време , имајќи го за себе Милановиќ, како  самопромовиран лидер. Особено што неговиот личен  рејтинг во јавноста е повисок од оној на  опозиционерите.

Кризата во Хрватска, која беше дел од Западен Балкан , пред таа во 2013 година да  стана членкна на ЕУ, како последната  новопримена во Унијата, предизвика интерес и во Европа, затоа што може да создаде криза, со негативен ефект,  врз регионот. Уште повеќе што влегувањето на Милановиќ во тековната политика, се одвива од сосема поинакви идеолошки позиции од оние кои ги имаше пред десетина години, кога беше премиер-левичар.

Тогаш, на пример, влезе во судир со Виктор Орбан (околу кризата со бегалците), заговарајќи притоа демократска и либерална Европа, како новопримена членка на ЕУ, настојувајќи да се нуди и како модел за другите во регионот , од каде Хрватска влезе во Унијата.

Другарување со Орбан

Сега, истиот Милановиќ, како претседател на државата речиси постојано се става во позиција спротивна од Брисел- копирајќи го Орбан и неговото ултра десничарење, популизмот и национализмот.

Европските медиуми потсетуваат дека претседателот кој сака  да стане премиер, сега е близок пријател со Орбан. Тоа го објаснува со – „храватските интереси“- без разлика што кога Орбан зборува за „Голема Унгарија“ во која се присвојува  повеќе од половината од денешна Хрватска, не само што не реагира владата во Загреб, туку за тоа молчи и Милановиќ, иако постојано ја напаѓа владата  дека „ не се грижи за интересите на државата“.

Европските лево-центристички блок и нивните медиуми го обвинуваат претседателот на Хрватска дека се претворил во крајно-десничарски политичар, налик на Орбан, дека се спротивставува на помош за Украина, иако неговата земја не е далеку од границите на   војната на тлото на Европа.

Предводник на опозицијата

Тој се критикува дека со своите позиции се става во крилото на путинова Русија, па дека на ЕУ, на која  и онака и е доста од  еден таков лидер во соседна Србија, не сака да има уште еден  во Загреб.

Посебно што и  овој се меша во БиХ  наместо да помага за смирување на тамошните состојби. Другарувајќи со  сепаратизмот на Милорад Додик, само продонесува за продлабочување на нестабилноста на Босна. Наоѓајки и за „босанското прашање“ своевиден партнер во унгарскиот премиер кој, пак, отворено го заштитува српскиот сепаратистички лидер во БиХ.

Во основата на кризата лежи долгата и  продолжена нетрпеливост меѓу премиерот Пленковиќ и претседателот Милановиќ. Откако,  шефот на држава, не сакајќи  да  биде третиран како „пензионер“,  почна   да се јавува на социјалните мрежи и да дава изјави  за медиумите- коментирајќи ја домашната политичка сцена, ставајќи се во функција на своевиден лидер на опозицијата.

Од голуб во јастреб

Нивната јавна расправија од домашниот терен, полека се префрлаше на меѓународните односи, при што Милановиќ и тоа го ставаше во функција на расправијата со премиерот. Сепак, со своите коментари ја ставаше  Хрватска во позиција – владата да мора дополнително да објаснува и да се оградува од позициите на  шефот на државата.

Сето ова се случува во време кога владата на Пленковиќ, во неколку наврати , изминатите месеци, се соочи со сериозна  криза во хрватскиот правосуден систем ,  која во еден момент доведе премиерот да се најде во расправија и со Лаура Ковеши која е јавен обвинител на ЕУ.

Независни европски аналитичари велат дека , како и да е , тоа не го објаснува претворањето на еден левичарски голуб , каков се сметаше  Зоран Милановиќ, во десничарски јастреб.

(З.Х.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе