Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Македонија со најниска инфлација во Западен Балкан

Македонија со најниска инфлација во Западен Балкан

Земјите од Западен Балкан- кандидати за влез во Европската Унија имаат (генерално)  повисока инфлација од просекот на ЕУ, како и од постигнувањето на еврозоната.

Тоа според европските експерти се толкува како очекувана состојба, со оглед на позиците од кои се тргнати овие земји и  од вкупната ситуација на нивните економии. Особено, кога сето тоа се споредува со државите кои се членки на Унијата, кои   се во предност, со самото тоа што се дел од ЕУ , иако и самите и натаму се соочуваат со инфлација.

Турција во најлоша ситуација

Сите пет земји од  регионот кои се анализирани од Евростат, статистичка агенција на ЕУ- ( со Турција, но без БиХ и Косово)-  имаат годишна инфлација над европскиот просек. Но, во тоа рангирање Северна Македонија стои подобро од сите другите- со регистрирана  најниска инфлација меѓу земјите кандидати за влез во ЕУ.

Македонија , на пример, има инфлација од 4,1 отсто, Албанија од 4,5  отсто, Црна Гора од 5, додека Србија од 6,4 отсто. Далеку пред сите другите е Турција со официјално 65 отсто инфлација, што се смета за екстремно висока, предизвикувајќи оваа земја да има највисока инфлација во Европа.

Турски финаниски експерти, меѓутоа, уверуваат дека турската инфлација – реално- е многу повисока , со проценка дека таа е (веројатно) и двојно повисоика и изнесува 129 отсто.

Подобро од шест земји на Унијата

Кога станува збор за РС Македонија , земјата и нејзината економија имаат инфлација која е пониска од онаа на Романија и на Исланд ( земја која не е во ЕУ, но е дел од т.н. европска економска зона).

Македонската инфлација, исто така, е пониска и од регистрираната инфлација на шест  земји од Унијата (  покрај Романија уште и од Естонија, Хрватска, Полска, Словачка и Австрија). Потоа од Норвешка, но и од една  Велика Британија. Земјата која важи за пета економија во светот,  веќе не е во ЕУ, но се зема како параметар за сите другите- во оваа година е влезена со рецесија.

Конечно, Македонија има иста инфлација како и Бугарија, која од 2007 година е членка на ЕУ.

Што се однесува до целата ЕУ- во јануари оваа година, споредено со истиот месец минатата 2023, инфлацијата во Унијата изнесувала 3,1 отсто, додека во зоната на еврото, таа е уште пониска и изнесува 2,8 отсто.

ЕУ со инфлација од 3,1 отсто

Според Евростат, инфлацијата во ЕУ и евзоната се намалува и тоа побрзо и од некои „црни“ сценарија на разни експерти, но 11 земји-членки и натаму се со инфлација над просекот на Унијата.

Сепак, станува збор за значаен напредок кога  сетоа ова се спореди со ситуацијата во 2022 година, кога европската инфлација изнесуваше 11,5 отсто  и беше највисока во последните 40 години, како и со ситуацијата од минатата година, кога изнесуваше 10 отсто.

Кај земјите членки на ЕУ, со највисока инфлација е Романија (7,3 отсто). Од „Големата четворка“ на ЕУ- најдобро стои Италија, која има и најниска инфлација во Унијата- само 0,9 отсто, колку што има и Данска. Шпанија бележи инфлација од  3,5 отсто, Франција  од 3,4 а Германија 3,1 отсто- колку што е и просекот на целата ЕУ.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе