Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Русија потплатува европски политичари

Русија потплатува европски политичари

Пропагандна мрежа за подршка на Русија и нејзината агресија врз Украина -за ширење на антиукраинска кампаеа , со користење  лажни и невистинити вести- во која биле вклучени и платени ( од Москва) европски политичари- е открена и разбиена , откриваат  медиумите во ЕУ, повикувајќи се на властите во неколку европски држави.

Медиумите, меѓутоа, не ги именуваат политичарите кои се согласиле да примаат пари од Владимир Путин за да работат за руската лажлива пропаганда, за да шират невистини за Украина и да агитираат против нејзината легитимна борба.

Во служба на Кремљ

Според опсежната истрага, утврдено е дека за ваквото служење на Москва бил користен сајтот Voice of Europe ,за кој се вели дека е популарна интернет страница во рамкоте на Унијата. Некои земји како Чешка и Полска , во меѓувреме се имаат огласено со свои сознанија дека целта на ваквата мрежа била – да се влијае и врз европската заедничка политика.

Медиумите во Прага кој се повикуваат на разузнавачки извори откриваат дека вакви поткупени политичари имало во Чешка и Полска, но и во Унгарија, како и во Германија и Франција и во Белгија и Холандија. Сите тие добивале пари ( од сметката на Voice of Europe) за да дејствуваат против интересите на борбата на  Украина со Русите, но и за низа други европски состојби, во и околу Унијата, пред јунските избори за Европскиот Парламент.

Германскиот неделник „Шпигел“ пишува за откриената мрежа дека парите биле давани на рака, во кеш, за време на тајните средби ( во Прага) или пак, преку размена на криптовалути.

Во кеш или во криптовалути

Откриено е дека зад ваквата илегална мрежа на подмитливи политичари стои украинскиот олигарх Виктор Медведчук, за кого уште пред инвазијата од пред 25 месеци се знае дека е силно проруски определен и дека уште во тое време бил во служба на Русија и на  руските интереси.

Веднаш по инвазијата , украинските власти го уапсија при обидот за бегство во Русија, но подоцна  Кремљ се спогоди со властите во Киев да биде разменет заедно со педесетина руски заробеници, согласувајќи се за него да се плати висока цена.

За ослободување на Медведчук, руската страна ослободи 220 украински заробеници- сите од единицата „Азов“ кои се бореа во Источна Украина против руската окупација, меѓу кои беа и сите команданти на оваа единива, која инаку самата се предаде, откако остана без доволно оружје и муниција.

За нив руската пропаганда и Кремљ тврдеа дека се „нацисти“ , дека заговараат „нацизам“ , како и тоа дека имаат извршени „воени злосторства“. Сето тоа беше заборавено кога требаше да се спасува Медведчук кој се покажа дека е исклучително важен за Путин.

Улогата на Виктор Медведчук

Рускиот претседател е кум на најмладата ќерка на Украинецот и семеен пријател, па велат, дека (пред инвазијата) има патувано во Киев во посета на Медведчук и неговата сопруга.

Конечно, токму овој украински олгарх, Путин го има подготвувано да го замени Володомир Зеленски, откако актуелниот претседател биде  насилно тргнат од власт, а Украина се врати во „руското јато“.

Властите во Чешка го посочуваат и Артем Марчевски , за кого се вели дека ја имала задачата секојдневно да оперира со интернет страницата, а полските власти вклучени во истрагата велат дека имаа запленето 50 илјади евра и над 40 илјади долари.

Тоа биле само дел од парите кои се користени за поткупување на  европски политичари и учесници во креирањето на европската политика- не само за и околу Украина, туку за ширење на лажливата руска пропаганда против единството во ЕУ.

Подмитливата ултра-десница

Некои медиуми оценуваат дека во ваквото друштво влегуваат политичари од европската крајна десница и ултра-десничари кои се во европските структури- а се декларираат како евроскептици. За некои од нив се знае, од пред неколку години, дека имаат примано ( и примаат)  пари од Москва, за својата анти-ЕУ и антевропска политика, а над се, за да го разбиваат единството во Унијата.

Такви има во  Холандија- тоа се тамошните ултра-десничари кои не може пет месци да создадат влада.Ги  има и во Австрија и Германија, каде дејствуваат заедно со Алтернатива за Германија (АфД) со  неонацистичката политика против мигрантите. Такви се и „патриотите“ на Французинката Марин Ле Пен која позајмуваше пари од Кремљ за пропагандата против ЕУ, како и Италијанецот Матео Салвини и неговата крајно-десничартска партија Лига.

За унгарската партија Фидес на Виктор Орбан, пак, велат дека не треба посебна истрага. Унгарецот и не крие дека отворено соработува со Путин против Украина, но и  за дестабилизирање на ЕУ , вклучувајќи ја и европската политика кон  Западен Балкан.

(С.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе