Европа најбрзо се загрева
Европа е континент кој најбрзо се загрева , предизвикувајќи големи последици врз економијата и сериозни проблеми врз здравјето на лугето- соопштија Светската метеоролошка организација при ОН, како и Агенцијата за клима и климатски промени на ЕУ.
Според наодите на овие две организации, температурата на европскиот континент расте два пати побрзо од просекот на целата планета.
Рекордни температури
Последните петгодишни податоци покажуваат дека температурата во Европа е за 2,3 степени повисока од прединдустриското ниво ( пред забрзаната индустријализација), додека на глобално ниво континентот има повисока температтура од 1,3 степени Целзиусови.
Европската агенција посочува дека март годинава е десетиот месец- едно по друго- со рекордно високи месечни температури .
Во европскиот извештај се наведува дека просечната температура на површината на мориљата низ целиот континент- во 2023 година- има достигнато највисоко ниво досега, откако се прават и се бележат ваквите мерења.
Штетни за здравјето и за економијата
Годинешниве извештаи, затоа, се фокусирани на влијанието на високите темпаратури врз вкупното здравје на лугето , при што се посочува дека постојани расте бројот на лугето кои починале како последица на топлината која е раширена низ европскиот континант.
Над 150 лица, во минатата година се жртви на разните олуи и бури, на поплавите и на пожарите предизвикани од зголемената температура.
Од друга страна, трошоците во економијата и загубите кои се врзуваат за состојбите и проблемите со времето , лами се проценети на 13,4 милијарди евра. Екстремното време има предизвикано силни моќни топлотни бранови, шумски пожари , суши, како и катастрофални поплави.
Експерти предупредуваат дека високите температури имаат продонесено за топењето на глечерите, вклучувајчи ги и Алпите кои во последните две години имаат изгубено околу десет отсто од мразот што е би требало да се губи.
Спас во обновливата енергија
Во извештајот се вели дека во една ваква ситуација – на климатските промени на континентот- Европа мора брзо да одговори со преоѓање на користење на обновливите извори на енергија, како што се ветерот и сонцето, како и на хидроцентралите.
Во минатата година, Европа има произведено 43 отсто енергија од овие , обновливи извори, а тоа е за 36 отсто повеќе отколку во 2022 година. Веќе две години едно по друго, европскиот континент има произведено повеќе енергија од обновливи извори, отколку со согорување на фосилните горива.
На тој план Република Северна Македонија многу брзо напредува и веќе е предводник меѓу земјите од Западен Балкан.
Во минатата година, на пример, повеќе струја е произведена од обновлива енергија, од онаа добиена од капацитетите на РЕК Битола. Или над 170 илјади домаќинства се снабдуваат со струја од овие извори.
Тоа според владата во Скопје , овозможи да се воведе и да се одржува евтина, тарифна струја, што придонесува за заштеда на сметките за струја на граѓаните.
Во периодот меѓу 2016 и 2019 година производството на струја од обновлива енеегија е зголемено од 16 на стотина мегавати.