Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Кина и ЕУ меѓу насмевките и заканите

Кина и ЕУ меѓу насмевките и заканите

Претседателот на НР Кина Си Џинпенг престојува во Европа- во посета на Париз и на две европски авторитарни држави- западнобалканска Србија и орбанова Унгарија, која европски медиуми веќе ја означуваат како „злото и заканата на ЕУ“. Станува збор за прва посета на еден кинески лидер после пет години, но оваа сега, од самиот почеток,  по многу нешта се разликува од претходната.

Во 2019 година Си во ЕУ беше раскошно пречекан- нудејќи му приватна посета на римските знаменитости, во Италија и „кралска“ вечера во Рим, на која гостите ги забавуваше Андреа Бочели, па се до одлуката на тогашната влада во Рим, да се приклучи на контроверзната кинеска (финансиско- економската) иницијатива „Белт енд Роуд“, како уште една од земјите на ЕУ која и пристапи, по Грција и Унгарија.

Поинаква атмосфера

Сегашната  посета, Пекинг настојува да ја прикаже како мисија на „добра волја“,  а Франција одлучи наместо во Версај, кинескиот лидер да го угости во Елисејската палата. Тоа  и протоколарно и даде друга тежина на посетата- стана повеќе работна.

Меѓутоа, проценка на политички експерти е дека средбите на  претседателот Си со Емануел Макрон и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен,  беа тврди и тешка и покрај насмевките, љубезноста и настојувањето да се истакне средечноста.

Прво, атмосферата во која тече посетата на Париз, е сосема различна. Русија покренса војна против Украина, освојува делови од украинската територија , а Кина иако зборува за принципи и за почитување на интегритетот на секоја земја, сепак, застана  цврсто и понатаму стои зад Москва, помагајќи ја на секаков начин.

Закана од „трговска војна“

Од друга страна, во изминатите недели ЕУ покрена истрага за субвенцинирањето на кинеските турбини на ветер и за електричните автомобили, како и за евтината, кинеска медицинска опрема.

Субвенциите што Пекинг ги дава за своите извозни пороизводи,  ги прави европските и поскапи и неконкурентни, па Брисел се заканува со подигање на царините за кинеските стоки, што сега изнесуваат десет отсто.

Германија и Британија, во меѓувреме, во изминатите денови, соопштија дека уапсиле кинески шпиони на своите територии,

Берлин објави дека е  изложен на силна кинеска шпионска офанзива , како и дека кинеските хакери делуваат на територијата на ЕУ, паралелно со руските, потврддувајќи дека на ваква офанзива со дезинформации и со мешање  во изборите, Кина е активна и надвор од ЕУ, како на пример во  Западен Балкан.

Конечно, во март, Италија и официјално објави дека ја напушта иницијативата „Белт енд Роуд“ , обвинувајќи го Пекинг дека таа се користи за политичко влијание и за мешање во земјите кои еднаш ги има намамено да станат дел од иницијативата.

ЕУ против кинеските субвенции

Сето ова навестува дека Унијата и Кина на лидерот Си, најмоќниот по Мао Цетунг и првиот по две децении што  уреди да остане на власт до крајот на животот, се на пат на остра   трговска конфронтација , која некои веќе ја означуваат и како „трговска војна“.

Урсула фон дер Лајен, на пример,  и во Париз, на  разговорот со Си има речено дека ЕУ е подготвена за „тешка одлука“ за да ја заштити својата економија од Кина. На тоа, од порано се знае дека  Пекинг возвраќа  со можно  блокирање на увозот на европските произвиди, вклучувајќи го и францускиот коњак.

Сето ова доаѓа  во време кога Западот, но и светот,  стануваат загрижени од кинеските глобални амбиции.

Не само за да биде голема сила (веќе сега е поголема од Русија) туку и да става под своја контрола цели региони- од Филпините и Југоисточна Азија, преку Африка, до Западен Балкан, купувајќи ја  лојалноста на локалните  корумпирани деспоти.

Инфилтрирање на Западен Балкан

На некој начин самиот Пекинг тоа и јавно го манифестира, правејќи го изборот на државите во текот на оваа петдневна посета. Србија која е постојано во судир со Унијата и со Брисел.  правејќи од Москва, а сега и од Кина стратешки партнери, што само ја одалечува од ЕУ.

Кина, пак, преку српската ваква политика навлегува на целиот Западен Балкан, иако на тоа се спротивставува и српската проевропска јавност. Кинезите досега имаат доделено зајмови за Белград од девет милијарди евра, селејќи ја во Европа и на Балканот својата валкана индустрија. Или, како што велат демонстрантите низ Србија – претворајќи ја земјата во „депонија“ и најзагадена во регионот.

На друга страна е Унгарија, преку која Кина се инфилтрира на Западен Балкан , но и во самата ЕУ, користејќи ги услугите на еден деспот, каков е Виктор Орбан, кој 15 години владее со земјата.

За него и  унгарски политички експерти  велат дека Орбан и одговара на една  комунистичка  Кина, на која човековите права и слободи и се последната грижа, правејќи од него  свој „Тројански коњ“ – во Европа и во самата Унија.

ЕУ не сака заострување

Улога што тој совршено ја игра и кога станува збор за путинова Русија, која настојува да ја разнебити ЕУ, преку купување  „платеници“  кои ќе го разбиваат нејзиното единство. Меѓу западните крајнодесничарски партии и политичари, како и меѓу некои од лидерите на екс комунистичкте земји на Истокот од Европа.

Како и да е, претседателот Макрон  кој , инаку, претходно  ја заостри реториката кон Кина, наоѓајќи подршка кај мнозинството земји од ЕУ, по завршувањето на париските  разговори со Си Џинпинг има речено дека Европа/ЕУ не сака да ја заострува својата трговска политика, но дека едноставно- само настојува да остане суверена.

Од Си , затоа, се бара да направи  отстапки, посебно околу субвенциите, техолошкото наметнување и  напливот на електрични возила кои се директно конкурентни на европските, загрозувајќи гп производството на ЕУ. Останува да се види како ќе реагира Пекинг, но впечаток е дека и Кина не сака „трговска војна“ со Европа.

(С.Г.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе