Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Омразата што ја ширите предизвика атентат“

„Омразата што ја ширите предизвика атентат“

Словачкиот министер за внатрешни работи Матуш Шутај оцени дека атентатот врз премиерот Роберт Фицо е напад врз демократијата и врз државата, а за тоа ги обвинува и медиумите , а посебно интернет изданијата и социјалните мрежи.

„Не може на омразата да се одговори со омраза. Затоа, вие – со своето пишување и со постојаното ширење на омразата- имате создадено терен и клима за вакво нешто. За атентат врз премиерот на државата кој сега се бори за својот живот“- има изјавено министерот во своето обраќање пред словачките новинари.

Општествено одговорни

Според Шутај, социјалните мрежи и бројните портали носат голем дел од вината за обидот да се убие Фицо. За него е  несватливо  колку многу омраза се шири, секој ден, на социјалните мрежи, но и на медиумите на кои се потикнува нервозата, нетрпеливоста и омразата кон неистомислениците во домашната политика.

„Многумина од вас (новинарите) се оние кои ја имаат создадено ваквата омраза“ има речено Шутај

Тој затоа   смета дека медиумите и новинарите се општествено одговорни за она што се случи, а сега се задолжени за запирање на омразта и посебно, на нејзиното ширење во јавноста на Словачка.

Велат дека  при ваквите критики никој од новинарите од разните медиуми не се обидел да ја брани професијата, особено што и самите тие, односно низа доннашни аналитичари оценуваат дека атентатот врз словачкиот премиер е – „кулминација на длабоката и остра поларизација“ на јавноста во земјата и на поделбата во општеството.

Обид за смирување на разликите

Во меѓувреме, полицијата побарала од медиумите и порталите, додека трае истрагата , да ги исклучат коментарите на читателите и на следбениците , под постовите  на социјалните мрежи, како и оние директно под текстовите за атентатот.

Како пример за потребата од помирување, претседателката на заминување од функцијата и новозибраниот претседател ( од партијата на Фицо) кои инаку се остри политички противници, се огласиле во Братислава со заедничка изјава- за потребата да се запре со омразата и со нејзиното ширење.

Прашање е, меѓутоа,  колку сето тоа ќе има ефект и влијание врз поделената словачка јавност, кога уапсениот атентатор, на првото сослушување, признал дека делувал сам и дека мотивот е политички- не ја одобрувал политиката на Фицо.

Закани и врз полскиот премиер

На премиерот му замера за укинувањето на канеларијата на специјален обвинител (за случаи каков што беше убиството на новинарот кој откри корупција во врвот на власта, додека Фицо беше премиер, пред пет години), потоа за укинување на помошта за Украина, како и за тоа што сега сака да ја стави под своја, владина  контрола државната РТВ.

Словачките политичари настојуваат атентатот да го изолираат само на Словачка и да не се врзува за други  вакви  ситации  низ Европа, но веднаш по ранувањето на Фицо, се огласија  од соседна Полска, каде закани со ликвидација има добиено тамошниот премиер Доналд Туск.

Тоа се случува во време кога Туск води тешка битка со конзерватините полски националисти од претходниот режим на Јарослав Качински кој вистински ја имаат заробено државата, а  тоа и го прават и сега, кога  ги загубија последните  парламентарни избори.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе