Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Белгија и Австрија против Орбан

Белгија и Австрија против Орбан

После Белгија и Австрија го подржа предлогот на некои од земјите од ЕУ кои бараат да продолжи постапката за одземање на гласачките  права на орбанова Унгарија. Ова е уште една шлаканица за крајно-десничарскоиот, националистички определен и деспотски унгарски премиер, во време кога оваа земја се  подготвува да го преземе ротирачкото претседавање со Унијата, во следните шест месеци.

Според бриселскиот весник „Политико“ , портпаролот на МНР на Австрија изјавил дека Виена очекува сите земји членки на ЕУ целосно да ги почитуваат принципите на единствената и заедничка Унија. Според него, ова е особено важно , поради претстојното претседавање  со ЕУ.

Барање за ригорозни мерки

„Имајќи го ова во предвид, официјална Виена  подржува ригорозно продолжување  на постапката за спроведување на членот 7, во случајот против Унгарија“- има изјавено австрискиот портпарол.

Белгија која до 1 јули претседава со Унијата , побара од сите земји во ЕУ да се согласат со продоолжување на постапката од седмиот член на Договорот за ЕУ, според кој е предвидено одземање на правото да гласа на земја-членка, во случајот на орбанова Унгарија.

Белгиската министерка за надворешни работи Ада Лабиб за „Политико“ има речено дека со оваа работа врзана за казнувањето на Будимпешта-треба да се оди до крај – со  активирањето на членот 7  кој предвидува и крај на правото на вето.

Тоа е нешто кое постојано го користи Орбан, пресметувајќи се со Брисел и со целата Унија ,  терајќи некаква своја национална политика, непочитувајќи ги обврските кои неговата земја ги има прифатено при влегувањето во ЕУ- да се подржува и да се спроведува општата политика на целата Унија.

Блокада на европските пари

„Ова е време кога (како ЕУ) треба да се инсистира со примената на тој механизам. Тој мора да функционира , затоа што доколку не функционира мораме да го реформираме. Станува збор за иднината на Европа“- изјавила Ада Лабиб.

Европскиот Парламент уште во 2018 година, ја има покренато првата фаза од постапката за примената на овој член во случајот со Унгарија , за повторено непочитување на владеењето на правото и на прописите и правилата на Унијата, но тој процес останува  блокиран.

Во декември 2022 година , Европската комисија и блокираеше на Унгарија 22 милијарди  евра од кохезионите фондови на Унијата, наменети за Унгарија. Тогаш, Брисел наведе цела низа мерки и барања што Будимпешта треба да ги направи , за да може да се пуштат парите- пред се, јакнење на независното судство, чија автономија режимпт на Орбан ја има погазено.

Освен овие пари, на Унгарија и се запрени и друго десет милијарди евра во форма на зајмови и евтини грантови , за чие одблокирање се бара унгарската влада да усвои цела низа анти-корупциски мерки- што деспот каков што е Орбан одбива да ги спроведе.

Одземање на правото на глас

Пред крајот на минатата година,  Европската комисија , сепак, одблокира десет милијарди , откако Будимпешта измени дел од законот кои се однесуваше на јакнење на Државниот судски совет и на Врховниот суд. Мнозинството од блокираните пари, околку 22 милијарди евра,меѓутоа,  и натаму се блокирани.

Меѓутоа, постапката на Европската комисија предизвика незадоволство во Парламентот на ЕУ, каде се смета дека Орбан има премалку направено за враќање на довербата во независносто судство , што го има ставено под владина (своја) контрола, означувајќи ја одлуката на Брисел за – катастрофално погрешна.

Така не мисли унгарската мисија при ЕУ, а нивниот претставник има изјавено дека во овој момент е поважно -„Унгарија да ја задржи ЕУ подалеку од војната во соседството ( во Украина), отколку да се занимава  со членот 7“- рекол функционер во мисијата, цинично забележувајќи дека – ако војната стигне до ЕУ , примената на овој член ќе биде најмалку важна.

Уцени од орбанова Унгарија

Нервозата врзана за унгарското вазалство  кон Путин, како  и  од блокирањето на безмалку сите одлуки на ЕУ – станува се поголема , па веќе извесно време Брисел настојува да најде начин како да го изолира Орбан.

Особено што од 1 јули , како претседавач со ЕУ, орбанова Унгарија добива овластување да го определува дневниот ред на седниците на ЕУ, како и да ги одредува нејзините приоритети .

Повеќето од земјите членки стравуваат дека еден ваков Орбан може да го злоупотреби претседавањето со Унијата, посебно кога станува збор за  прашањата врзани за војната во Украина, за санкциите кон Русија, за евроинтеграцијата на Украина, за мигрантската политика и за се она за што Брисел и Будимпешта спорат подолго време, откако Орбан почна  да го уценува Брисел.

Во меѓувреме, Европската комисија ја запре (ваквата) постапка против Полска- исто така за газење на незвисноста на судството- па сега Унгарија е единствената членка пред која стои заканара да се казни со забраната на правото за глас во Унијата.

(Б.Б.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе