Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Ајфеловата кула главна атракција во Европа

Ајфеловата кула главна атракција во Европа

„Трипадвајзор“ ги определи своите награди за најдобра европска туристичка атракција за оваа година и на прво место ја стави Ајфеловата кула во Париз.

Симболот на францускиот главен град секој ден го посетуваат туристи од целиот свет, а одлуката на „Трипадвајзор“ е донесена врз основ на далеку нјголемиот број многу добри оцени  и критики од стрна на посетителите на кулата на Алфред Ајфел.

Оваа знаменитост на Париз има обиено дури 143 илјади рецензии од посетителите со просечна оценка 4,5, од кои над сто илјади гсти ја имаат оценето како одлична.

Ана Франк и Саграда Фамилиа

Сите тие во своите оцеки по посетата на Ајфеловта кула имат напишано дека станув збор за „исклучително вредна туристичка атракција“ која за некои турити ги има надминато нивнит очекувања.

Зградата во која има живеено- сокривајќи се од нацистите Ана Франк , во Амстердам, пред да биде одведена во логорот на смрта-која се наоѓа во Амстердам е на второто мсто.

На третото е главнаа атракција на Барселона- базиликата Саграда Фамилиа, додека како четрта според изборот на туристите и нивните оценки е Колосеумот во Рим, симболот на „Вечниот град“ и на италијанскиот главен град.

Акропол и Помпеја

Натаму следуваат- парискиот музеј Лувр, па Катедралата во Милано и  музејот Васа во Стокхолм.

Во првите десет најатрактивн локации во Европа, „Трипадвајзор ги има рангирано и Акропол во Атина, како и музејот Д Орсаи во Париз.

На десетото место е археолошкиот локалитет Помпеја, во близината на Неапол во Италија.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе